Автор Тема: Акумулатор!  (Прочитано 79340 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Акумулатор!
« Одговори #240 на: 09 Декември 2023, 17:17:58 pm »
Тогаш сам си даваш одговор на прашањето. Ако таму не полнат, тогаш каде? Таму имаат доволно инструменти за сервис на акумулаторите, проверка на нивото на електролити и слично.
Пример:
Акумулатор кој е недоволно наполнет со струја ( густината на електролитот е под 1,24 гр/см3)
Акумулатор кој е преполнуван со струја ( знаците се потемнет електролит и поцрнети чепови ).
Акумулатор кој е примен со напон под 11,0 V и густина на електролит под 1,15 гр/см3 т.е се наоѓа во фаза на длабоко празнење.
Сето ова се проверува и со тестер со електроника и преку хемиски пат. Ако таму не можат...

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Акумулатор!
« Одговори #241 на: 09 Декември 2023, 20:26:29 pm »
Уште еднаш да прашам, дали некаде во Скопје има такво нешто како сервис за полнење на акумулатор?
Ne sum sluznal za takvo nesto, edino ako nekoj saka da ti zavrsi rabota pa ako ne go biva kaj niv da kupis nov akumulator onaka kako fer plej.
Se naogaat punjaci "smart" za 20 do 30 evra vo Lidl i nekoi drugi mesta a si brkaat rabota.

Отсутен HugoG

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Акумулатор!
« Одговори #242 на: 09 Декември 2023, 21:31:01 pm »
Уште едно прашање, дали се препорачува во зима ако не се вози колата да се пали и да се остава да работи во место 5 до 10 минути. Дали тоа му помага на акумулаторот или не?

Имам Форд 2009 година со 80Ah Silver Calcium Varta акумулатор, перфектен преку лето и есен, а дојде зима +5  степени одма проблеми со палење.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Акумулатор!
« Одговори #243 на: 09 Декември 2023, 21:42:16 pm »
ne se dovolni tie 5-10min da dopuni treba da se izvozi pola saat-saat

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Акумулатор!
« Одговори #244 на: 09 Декември 2023, 22:34:18 pm »
Десетина км се. За да вратиш за тоа шо си ја запалил, за да го наполниш како шо треба повози до Солун и врати се назад. Или полнач, не за џабе 5-8 саати сака на полнач.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Акумулатор!
« Одговори #245 на: 10 Декември 2023, 09:10:17 am »
20-30 минути возење се доволни да се надокнади потрошената енергија од акумулаторот. За здрав акумулатор, за здрав алтернатор, нема никаков проблем. Едно верглање од 10 секунди, дури и со 1.5кw анласер, многу малку енергија троши од складираната во акумулаторот. Алтернаторите се често од 60-100А, со тоа што треба да се води сметка дека најчесто на лергас алтернаторот не произведува доволно струја за потрошувачите и полнење, па потребно е контирнуирано возење со вртежи кои овозможуваат алтернаторот да произведува доволно струја. Така да, работа во лер, многу потешко ќе го полни акумулаторот. Можеби со исклучени сите потрошувачи... Си треба малце возење за да се наполни назад акумулаторот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Акумулатор!
« Одговори #246 на: 10 Декември 2023, 09:27:53 am »
Дечково  има нешто да ви каже, меѓу другото и за акумулаторите...


Слободно почнете од кај 12-тата минута.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Акумулатор!
« Одговори #247 на: 10 Декември 2023, 10:14:53 am »
Уште едно прашање, дали се препорачува во зима ако не се вози колата да се пали и да се остава да работи во место 5 до 10 минути. Дали тоа му помага на акумулаторот или не?

Имам Форд 2009 година со 80Ah Silver Calcium Varta акумулатор, перфектен преку лето и есен, а дојде зима +5  степени одма проблеми со палење.
Ако стои во место многу долго јас би го ставил на полнач убаво да се наполни до крај 12-18часа. Или би го возел на отворено барем 1 час. Иначе само палење и оставање - не. Зошто се што правиш е го трошиш акумулаторот, а не го дополнуваш.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Акумулатор!
« Одговори #248 на: 10 Декември 2023, 19:11:24 pm »
Kapacitetot odnosno udarnata struja e obratno proporcionalna so temperaturata.
Paga kapacitetot na akumulatorot i pocnuvaat problemi so poluprazen akumulator.
Zatoa prvo sto treba da napravis e polnenje na akumulatorot 10tina caata, na smart punjac po moznost i ostavi go sto podolgo.
Ako se povtori problemot, a nemas problemi da ti trosi nekoj potrosac koga ne ja vozis, togas e vreme na nov akumulator najverovatno.

Dali taka ti prvavese i prvata godina koga go kupi akumulatorot?
Dali vozis kratki relacii.
Ako podolgo vreme vozis so poluprazen akumulatort togas ke sulfaticira, gubi kapacitet i posle crkava.
Ako vozis kratki relacii togas moras da imas polnac za akumulator i dva do tri pati vo godinata na go polnis do vrv.

Najdobro e da otides da go napolnis akumulatorot i taka poln da otides da  ti izmerat parametri na akumulatorot i spored toa se odredi odredi negovata sostojba. Moze i ovaka kako sto e da otides na proverka. Se gleda pred se udarna struja i otpornost.
Preporaka za prodavnica i servis, imaat akcija za besplatna proverka, Monbat/Makbat
https://g.co/kgs/td6DGL

Отсутен HugoG

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Акумулатор!
« Одговори #249 на: 11 Декември 2023, 17:17:26 pm »
Предлог за солиден и соодветен полнач за Varta Silver Calcium 80AH 12v акумулатор? Малку е специфичен акумулаторот бидејќи е Silver Calcium и е правен само од Форд за Форд. Негативниот терминал му е изваден настрана не се наоѓа директно на акумулаторот. На акумулаторот има само позитивен терминал.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Акумулатор!
« Одговори #250 на: 11 Декември 2023, 18:01:28 pm »
Toa e klasicen oloven akumulator, nema nisto specijalno vo nego.
Bilo koj smart polnac od 20 evra-Lidl ili dokaj 100tina evra CTEC.
Inace Ford ne e poznat deka vgraduva kvalitetni akumulatori, obicno traat od 2 do 5 godini.



Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Акумулатор!
« Одговори #251 на: 11 Декември 2023, 19:34:09 pm »
Кај мене овој траеше 9 години. Инаку има негативен терминал, како може да нема? Сликај го целиот акумулатор

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Акумулатор!
« Одговори #252 на: 11 Декември 2023, 21:42:07 pm »
kaj mene vo fokusot 2014 model fabriski imase Fiam, rikna na godina ipol. smenet go garanten rok.
Kaj drugar sega smeni na Fokus fabriskiot na 5 god.
Porano stavale podobra kvalitet.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Акумулатор!
« Одговори #253 на: 11 Декември 2023, 22:02:45 pm »

Отсутен HugoG

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Акумулатор!
« Одговори #254 на: 11 Декември 2023, 23:58:14 pm »
Лево само (+) плусот го има, не се разбирам многу ама очигледно акумулаторот е на друг начин ставен. Минус не гледам.