Автор Тема: Акумулатор!  (Прочитано 78326 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Акумулатор!
« Одговори #270 на: 12 Декември 2023, 20:56:29 pm »
Позитивна клема од полначот на +, негативна клема од полначот, било каде на шасија. Полни колку сакаш!

A ако е надвор изваден акумулаторот?
Тогаш немаш шасија, погоди кај би ја ставил негативната клема? :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен HugoG

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Акумулатор!
« Одговори #271 на: 12 Декември 2023, 23:38:22 pm »
А зошто кога е внатре акумулаторот не се користи негативниот терминал туку друг метал од колата? Исто и при стартување од донор акумулатор кога не пали се препорачува + со + и минус со метал а не минус со минус.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Акумулатор!
« Одговори #272 на: 12 Декември 2023, 23:55:06 pm »
Полесно ќе запали кога е поврзан плус со плус, а минус директно на мотор отколку на акумулатор бидејки така првично го полниш испразнетиот акумулатор на возилото кое е со испразнет акумулатор, ќе го избегнеш отпорот од празниот акумулатор особено ако пробуваш да запалиш возило кое бара поголем капацитет од возилото со кое пробуваш да го полниш.

Тестирано ова баш пред повеќе од една недела, таткоми со службен VW Transporter 2.4 diesel директно на клеми нејќе да чуе од верглање, камо ли да запали.

Ставање минус директно на мотор, со потешкотии завергла и запали, сепак мојот акумулатор е 60 Ah, a за 2.4 дизел најмалку 100 Ah акумулатор е потребен, таков и имаше во моментот кога пробувавме да го запалиме.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4191
Одг: Акумулатор!
« Одговори #273 на: 02 Август 2024, 18:43:16 pm »
Како да имав прочитано некаде на форумов дека има сервис за продажба на акумулатори со достава и монтажа на лице место. Ако му текне на некој нека пише контакт, или па утре кај да се иде да се земе нов? Во сити мол мислам дека продаваат ако не се лажам, или?

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3058
Одг: Акумулатор!
« Одговори #274 на: 03 Август 2024, 18:32:16 pm »
Како да имав прочитано некаде на форумов дека има сервис за продажба на акумулатори со достава и монтажа на лице место. Ако му текне на некој нека пише контакт, или па утре кај да се иде да се земе нов? Во сити мол мислам дека продаваат ако не се лажам, или?
Ако идеш да купиш купи од Монбат Пинтија. Не доаѓаат на лице место.

Sent from my SM-S908B using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Акумулатор!
« Одговори #275 на: 04 Август 2024, 09:09:27 am »
Како да имав прочитано некаде на форумов дека има сервис за продажба на акумулатори со достава и монтажа на лице место. Ако му текне на некој нека пише контакт, или па утре кај да се иде да се земе нов? Во сити мол мислам дека продаваат ако не се лажам, или?

Автоелемент ми се имаат понудено да сменат акумулатор, може да се јавиш во некој од дуќаните и да прашаш (мене во тој во Влае ми рекоа дека имаат таква услуга).

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7783
  • Плинаш!!!
Одг: Акумулатор!
« Одговори #276 на: 05 Август 2024, 18:27:02 pm »
Истите мартин што ги збори. Повели линк https://www.facebook.com/centarzaakumulatori?mibextid=JRoKGi
Јави се прашај, мислам дека имаат таква услуга.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен NNN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 141
Одг: Акумулатор!
« Одговори #277 на: 04 Септември 2024, 08:18:35 am »
Корисник на Exide.

Сакам да споделам искуство.

Возам VW Touran, 2004, 1.9 (105KS), рачен менувач.

На 29.12.2014 набавив Exide Premium 77Ah
На 02.10.2017 се расипа. Значи 2 г. и 9 мес траеше батеријата.
Ја однесов во Batery Evolution (Rade Koncar) за проверка.

На 04.10.2017 ми го понуди истиот модел по набавена цена. Благодарност до нив.
Ми рече дека не сум имал среќа првиот пат. Тогаш ми беше речено дека сега ќе ти трае 4-5 години.
На 29.03.2017 и вториот се расипа. Траеше помалку од 2 г и 6 месеци.

Би сакал да слушам искуства од корисниците на  Exide или потпочно на Exide Premium 77Ah.

Денеска набавив Topla TOP30 72A, времето ќе покаже дали траат повеќе од 30 месеци (толку им е гаранцијата). Цената 4100 ден со вратен стариот акумулатор.

И кај мене слично искуство.

Exide premium 72Ah го купив ноември 2020, уште пролетта почна да покажува знаци дека е пред умирање.
Сега не можам со изгасен мотор да слушам радио, буквално за 5 минути се празни.
Ќе треба да купам нов.

Треаеше отприлика околу 3 години.

Многу ги фалеа на формов, не знам колку долго траеле ама изгледа само прават хајп, нема врска муабетот.


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Акумулатор!
« Одговори #278 на: 05 Септември 2024, 08:59:16 am »
Земете си Монбат премиум, мислам има 30 месеци гаранција, кај мене траеше 5 години мислам.
Претпоставката е мајката на сите заебувања