Да се надоврзам на темава и јас, таткоми веќе има 2 години бугарски пасош и се разбира тој пасош кога бил на интервју во Софија него не го прашале дали се осеќа бугарин и слични работи, туку му кажале со еден збор ЕГЗИСТЕНЦИЈА и општ муабет за фамилија жена,деца. И јас сум во процедура на вадење на бугарски пасош поднесов во ЈУНИ преку Амбасада во Скопје, бев на интервју и си чекам со бројче и си го проверувам на интернет.Би требало да испадне ама и не мора пошто имало и случаеви кај што ги враќале па ќе видиме.Секако таткоми има да добиеме со брат ми и после тоа ќе добие и мајка ми.Мајками несака да слушне за странство, она како што вика дека цел живот работела и печалела и стан и дуќан и се тука од се тоа треба да се откаже и да замине негде далеку без блиски без никој.Но ќе се смени и она како што идат нови закони секој месец и плус пари за ова плус за она...