Автор Тема: Европски пасоши и странско државјанство  (Прочитано 152567 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #600 на: 10 Август 2020, 09:03:26 am »
Плата секогаш се кажува НЕТО. И не филозофирајте. :D

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1880
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #601 на: 10 Август 2020, 09:06:28 am »
https://www.payscale.com/research/DE/Job=Welder/Hourly_Rate
Average Welder Hourly Pay in Germany
€37,800

3150 месечна во просек

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1880
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #602 на: 10 Август 2020, 09:16:17 am »
ИТ експерти има со лопата да ги ринеш, бар денес.

Од тие што завршуваат по академии, Бреинстер, Мреинстер, и по факултети дека слушнале мн е платено, верувам. Ама тие експерти после или не работат тоа или работат по државниве институции како експерти.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #603 на: 10 Август 2020, 09:18:00 am »
Плата секогаш се кажува НЕТО. И не филозофирајте. :D

На „Запад“ платата секогаш се кажува БРУТО и тоа на годишно ниво. Сите можни пресметки се базираат на бруто приход, не на нето.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #604 на: 10 Август 2020, 09:43:27 am »
Плата секогаш се кажува НЕТО. И не филозофирајте. :D

На „Запад“ платата секогаш се кажува БРУТО и тоа на годишно ниво. Сите можни пресметки се базираат на бруто приход, не на нето.

Не можам да ја видам логиката во бруто платата, може до мене е... ;D Мене ме интересира месечно колку пари ќе ми легнат на трансакциска, со колку пари ќе располагам јас. А колку се придонесите и даноците за државата, нека му ја мисли работодавецот. 

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #605 на: 10 Август 2020, 09:56:04 am »
Во други држави веројатно ти си ги водиш и тераш даноците, со даночни ослободувања, со олеснувања, со дополнителни плаќања поради Х или Y причина и така натаму. Работодавецот ти вика „еве ти ХХ.ХХХ годишно, ти пресметај си сам дали ти се исплаќа да работиш за тие пари“.

Јас откако почнав да разбирам држава и политика и даноци, секогаш стоев зад тоа дека и кај нас треба да се воведе граѓаните да го плаќаат данокот на месечно ниво, сами, од својата трансакциска сметка. Кога ќе видиш во живо дека плаќаш пари на државата, ќе бидеш многу поажурен да си го бараш тоа што ти следува за тие пари.

Вака, отишле парите, нити си ги видел, нити си ги помирисал, и не се замараш многу кај отишле.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #606 на: 10 Август 2020, 10:37:38 am »
а не е лошо и да знаеш колку ја чиниш фирмата во која работиш
последните измени во ЗРО (не знам дали е сменет или уште тапка во место) налага во огласи за вработување и при преговарање да се соопштува бруто плата

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #607 на: 10 Август 2020, 11:05:43 am »
Инаку не е само Германија со високи даноци. Пресметајте и кај нас колку се придонесите и данок ма личен доход.

Секоја чест за искусните и паметни ИТ експерти ама до сега моето искуство како лице кое не е ИТ ама ги знае бизнис процесите и работи со големи бази на податоци, е дека и тие од ИТ факултетите се за жалење. Тие од академите знаат што треба ама не знаат како, тие со ИТ факс, мислат дека знаат како ама не знаат да ги поврзат работите и најважното од се, пред да дадат бета производ на проверка, не прават ни најмала комтрола на квалитет.

Всушност, контролата на квалитет на производ е тоа што нас како држава мн не кочи, за било која работа.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #608 на: 10 Август 2020, 11:55:57 am »
Јас откако почнав да разбирам држава и политика и даноци, секогаш стоев зад тоа дека и кај нас треба да се воведе граѓаните да го плаќаат данокот на месечно ниво, сами, од својата трансакциска сметка.

И јас така мислам, да можиме сите по малку да крадиме, а не како сега, само малку души крадат по многу.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #609 на: 10 Август 2020, 23:03:38 pm »
ИТ експерти има со лопата да ги ринеш, бар денес.

Оди најди експерт заварувач да те видам.

Грешка си, има ИТ луѓе, ама не толку експерти. Ти кажувам од лично искуство со вработени.

4 нули му е платата, и поплатени се од ИТ, со комплет сертификати и во главном варење под вода, 10год. работен стаж во Германија, и не се споредува со ИТ пошто заварувач е високо ризична работа, а да не зборам и за последиците по здравјето.

На мн луѓе на запад бруто платата им е 4 нули, само израчунај дека една нула ќе ти ја кркне државата, поточно у Германија давачките се доста високи и може да ти одат до 40%. Но, нејсе, пак е ок отколку плата со 3 нули па да останеш на 2 нули :)

Имам у фамилија доста дечки со занает и си работаат без проблем, кој плочкар, гипсер и не се жалат.

Добро де, муабетот беше споредба меѓу ИТ и заварувачи.

Дека има повеќе заварувачи од ИТ, не ме убедуваш. Без разлика на нивото на експертиза.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #610 на: 11 Август 2020, 00:55:43 am »
Плата секогаш се кажува НЕТО. И не филозофирајте. :D

На „Запад“ платата секогаш се кажува БРУТО и тоа на годишно ниво. Сите можни пресметки се базираат на бруто приход, не на нето.
И на нето и на бруто. Рецимо ти му викаш на работодавецов јас сакам 4000 вредност на нето плата. Он ти вика ајде јас ќе ти дадам 3000 кеш, ќе ти дадам дополнително пензиско осигурување, службено возило со 400 евра службено гориво на месечно ниво, ќе ти дадам додаток 200 евра за детето во градинка да ти оди и ќе добиеш купони за исхрана на работа или за кино или за одмор. Тоа се трошоци кои за работодавецот не се даночат но за тебе се исто добри како кеш, наместо да ти даде 1000 евра кеш и на тие да плати уште 50% данок и придонеси, како-каде зависи во која земја.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #611 на: 08 Септември 2020, 10:32:04 am »
https://www.payscale.com/research/DE/Job=Welder/Hourly_Rate
Average Welder Hourly Pay in Germany
€37,800

3150 месечна во просек
Нето 2000 - 2400€ зависи која даночна класа си.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #612 на: 12 Септември 2020, 07:45:32 am »
Јас со моето скромно искуство во потрага по работа на запад секогаш сум преговарал за бруто плата.

Секој месец добивам извештај црно на бело и точно знам колку пари ме чини данокот, колку пари ме чини здравственото, пензиското, социјалното осигурување и тоа ако останам без работа.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2765
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #613 на: 12 Септември 2020, 10:52:24 am »
Slisnav deka vo Germanija isplakaat 85% od polna plata za tie sto ostnanale bez rabota poradi COVID-19?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #614 на: 12 Септември 2020, 11:01:48 am »
Slisnav deka vo Germanija isplakaat 85% od polna plata za tie sto ostnanale bez rabota poradi COVID-19?

Па те информирале, ама не те доинформирале. Начинот на кој функционира тоа се вика Kurzabeit (скратена работа). Наместо да те отпуштат ти ги намалуваат работните часови, а со тоа и твојата плата. Разликата во намалената плата ја покрива Агенцијата за Вработување од осигурувањето што секој вработен го плаќа на самата агенција. Не знам колку точно покрива државата, ама најверојатно е некоиси 70-80% од работните часови кои не ги работиш затоа што компанијата/фирмата ти ги намалила.

Таа мерка колку што знам е воведена во 2007/2008ма година за време на последната криза за да не се зголеми невработеноста. И засега функционира како што функционира.

Инаку и јас бев невработен во најголемиот ек на Корона кризата во Германија во Февруари/Март/Април и тогаш барав друга работа. Сега ситуацијата е каде-каде стабилизирана во споредба со почетокот на годината. Имав исто многу другари кои беа на скратено работно време и добиваа дел од разликата од државата. Во секој случај, неубава работа ама колку-толку функционира тој социјален систем, во кој јас плаќам добри седум осум години а немам видено никаков аир од него.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.