Автор Тема: Европски пасоши и странско државјанство  (Прочитано 141210 пати)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5576
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #240 на: 29 Ноември 2015, 21:48:25 pm »
^Toa e toa.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #241 на: 29 Ноември 2015, 22:25:24 pm »
Еден апдејт односно потврда на она што претходно е кажано за процедурата за вадење БГ пасош.

Денеска разговарав со еден посредник и тој ми кажа дека многу се чека во последно време и тоа како што кажа Кано некоја страна поназад се чека долго за закажување термин за аплицирање и исто се чека многу и за закажување термин за интервју. Конкретно во Петок закажал термин за некого дури на 2 Август следната година.

Една важна информација за сите кои аплицираат а е превара според посредникот, за која што јас разбрав вчера. Мој човек од Охрид ми кажа дека и он ќе аплицирал преку некој посредник од Охрид (роднина со Каракачанов)ама меѓу другото требало да иде до Струмица и од некое Бугарско здружение да добие некоја потврда дека дедо му или баба му или пак некој друг роднина по крвно сродство бил Бугарин и со таа потврда наводно ќе му се забрза постапката до интервју, т.е побргу ќе закаже интервју со таа потврда. Посредникот со кого денеска разговарав рече дека тоа нема врска и дека со таа потврда во Софија не можеш ништо да докажеш и дека најверојатно е некоја превара која посредникот од Охрид има направено дил пошто самата потврда кошта на лице место 2000 денари а истата во Софија не ја признаваат ниту пак ја земаат во обзир при поднесување на документацијата. исто така рече дека истото здружение на Бугари го има и во Скопје и кај нив мора да се регистрираш дека си нивен член.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5082
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #242 на: 29 Ноември 2015, 23:32:26 pm »
Сакаш да кажеш дека тие потврди се за џабе без некој бугарски документ?

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #243 на: 29 Ноември 2015, 23:37:38 pm »
Баш така.

Чудно ми падна што прв пат слушнав после толку време за тоа здружение во Струмица и уопште некој да идел да вадел таква потврда од кај нив. Посреднициве што завршија работа за пола Паланка, Кратово, Св.Николе, Пробиштип никој таму не отишол за потврда а луѓето зеле БГ пасоши. Мене ми мириса дека тој од Охрид што вели дека е роднина на Каракачанов прави некоја ујдурма со тоа здружение ем за да земат некоја пара ем за да прикаже тоа здружение дека во Македонија има толку и толку Бугари регистрирани кај нив кога ќе е потребно да поентираат. Ова е само мое лично мислење.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #244 на: 29 Ноември 2015, 23:45:45 pm »
da ne znae nekoj kako se bara politicki ili drug azil...da e od blizok nekoj ne rekla kazala... za avstrija konkretno...

Мислам дека е невозможно, посебно со целава бегалска криза. Еве сега од Германија почнаа да ни ги шиткаат назад ромите. Значи за нив веќе не постои економски азил, изгласаа закон по брза постапка за да се решат што побрзо од нив. За да има политички азил, треба да постои војна во Македонија. Ако веќе сакате да заминете од државава мој совет е да пробате со Малта, пола Куманово е таму моментално. :D
Зини да ти кажу.

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #245 на: 30 Ноември 2015, 02:03:24 am »
Да се надоврзам на темава и јас, таткоми веќе има 2 години бугарски пасош и се разбира тој пасош кога бил на интервју во Софија него не го прашале дали се осеќа бугарин и слични работи, туку му кажале со еден збор ЕГЗИСТЕНЦИЈА и општ муабет за фамилија жена,деца. И јас сум во процедура на вадење на бугарски пасош поднесов во ЈУНИ преку Амбасада во Скопје, бев на интервју и си чекам со бројче и си го проверувам на интернет.Би требало да испадне ама и не мора пошто имало и случаеви кај што ги враќале па ќе видиме.Секако таткоми има да добиеме со брат ми и после тоа ќе добие и мајка ми.Мајками несака да слушне за странство, она како што вика дека цел живот работела и печалела и стан и дуќан и се тука од се тоа треба да се откаже и да замине негде далеку без блиски без никој.Но ќе се смени и она како што идат нови закони секој месец и плус пари за ова плус за она...

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #246 на: 30 Ноември 2015, 02:24:11 am »
Хрн друже, ќе сакаш ли малку подетално да ми објасниш за процедурата за интервју. Во текот на неделата ќе одам да го земам происходот за мене и за жена ми од Амбасадата во Скопје. Процедурата ја започнав од таму ама во меѓувреме тој посредникот што ми беше здрви опаш па сега морам сам да продолжам или да барам друг посредник. Секоја информација ми е добредојдена.

Ме интересира:

1. Kои документи ги поднесуваше како нареден чекор за инетрвју и дали ги поднесе преку Амабасада или во Софија? Од посредник кого го консултирав вчера ми беше кажано дека следни документи што треба да ги поднесам се: лекарско уверение, извод од матична книга на родени и уверение од суд за неосудуваност за двојно државјанство. Тие се носат во Софија каде се заверуваат на нотар, им се лепат таксени марки и се заверуваат во некоја нивна државна агенција. Се земаат после 7 дена. Дали ти го правеше истово или поинаку?

2. Колку време помина од денот на поднесување на документите за интервју до самото интервју?

3. Каде го правеше интервјуто, во Амбасада или во Софија? Со посредникот што разговарав ми кажа дека интервјуто се прави во Софија, не можело во Амбасада. Јас лично бев сведок како еден дечко имаше интервју во Амбасада пред мене и сопругата додека ние пополнувавме некои формулари. Овој ми вика дека не може во Скопје мора во Софија.

Благодарам.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #247 на: 30 Ноември 2015, 02:47:00 am »

Да тие се сите потребни документи јас имав плус копија од пасош на таткоми пошто он ми е гаранција само што јас не одев до Софија за преводи и слично си ги дадов на Овластено лице од Македонски на Бугарски и обратно исто така во Велес ми ги преведоа, а давање на документи и интервју во Бугарска амбасада во Скопје и завршив во еден ден(истиот тој ден) првен ми беа документите па после ми рекоа интервју и ме прашуваа некој работи премиер,прецедател пошто кај што ги преведував документите ми дадоа и едно ливче ако го најдам деновиве ќе го постирам тука со датуми на поважни празници.

Најјарно прашај во копирницата спрема бугарска амбасада они се мислам посредници и дека можат да ти го завршат преводот и заверката.Со среќа друже и пиши што како.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #248 на: 30 Ноември 2015, 02:52:10 am »
Имаш ли контакт од госпоѓата што работи во фотокопирницата? Мислам дека Камелија се викаше.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #249 на: 30 Ноември 2015, 03:41:05 am »
Имаш ли контакт од госпоѓата што работи во фотокопирницата? Мислам дека Камелија се викаше.

Не не немам ни од госпоѓата ни од копирницата, прашај некој од Скопјаниве поготово од Капиштец некој може да помине и да ти каже и број

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #250 на: 30 Ноември 2015, 03:44:48 am »
OK. Фала многу за информациите. Ќе одам деновиве да видам што ќе направам.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #251 на: 30 Ноември 2015, 12:41:12 pm »
Ебати државата кога на секој форум една од најактивните теми е европски/бугарски пасош и државјанство.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6505
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #252 на: 30 Ноември 2015, 13:50:00 pm »
Е како да не :D 17 страни има, а бензин вс дизел преку илјада страни зошто таму се води вистинската битка :)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3083
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #253 на: 30 Ноември 2015, 13:53:24 pm »
Ебати државата кога на секој форум една од најактивните теми е европски/бугарски пасош и државјанство.

Браво!

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1531
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #254 на: 30 Ноември 2015, 14:28:25 pm »
А и во насловот може да се стави : Бугарски пасоши и бугарско државјанство
:)