Хммм... Интересен одзив... Не очекував дека Cruze до толку ќе ве разочара...
Мене у глобала Круз ми беше ок, ама рака на срце, се согласувам со сите ваши замерки, поготово таа за моторот. Меѓутим, се работи за поприлично евтина и достапна лимузина, па сеа... Не е дека треба премногу да се очекува.
За Фабиа, не знам, никогаш не сум возел. Сум возел Октавија (од последните) со 1.4 ТСи. Таа ми приреди непријатно изненадување, иако у глобала е многу, многу добра кола. Арно ама, поради добрата изработка и подобрен квалитет на материјали, оддава впечаток и влева доверба дека може да направи повеќе од што може. А тоа е МНОГУ лошо! Се опуштив да влезам малце поригорозно (ама не ненормално брзо) во кривина, и кога рече, ни 2, ни 3, газот бегање ајдеееее.... преку граница накај Мексико, поради криминалот што го направи... Многу, премногу разочарувачки момент. Највеќе поради тоа што самата кола влева доверба, и дава ветувања, ама не може да ги исполни.
Има уште пар други, ама да видиме како ке се развива темава
