од поново време страшно бев разочаран од vw polo, не зборам за новите tsi модели туку за 1.2 моделот, настрана од страшно неудобната тврда амортизација, седиштата во кривина воопшто не ме задржуваа шетав лево десно цело време, а перформансите на моторот не беа ништо подобри од клиото со 1.2 мотор од 1995 година на татко ми.
Најголемо разочарување беше колата, ако можам да ја наречам кола, што ја купи дедо ми во далечната 1995 година, дациа 1310, ја плативме тогашни 9000 марки, ај што е грда реплика на рено 12, ај што е ентериерот очаен, пластиката не ме чуди и радиоктивна да е, колата нон стоп е по механичари, каросериски за 15 години е целосно скапана од корозија, низ крилата се гледаат колцата, тогаш многу луѓе се излажаа поради ниската цена, и за мене колку и да се унапредени денешните дации НИКОГАШ не би купил такво ѓубре.
Друго разочарување ми беше најпродаваната кола во Македонија за 1995 година шкода фелацио овај мислам фелиција

. Татко ми ја купи 1996 година и колата по мене беше тотално разочарување, каросериски не беше толку лоша и ентериерот колку толку беше добар за тоа време,а и дизајнот им беше добар, ама да почнам од 1.3 моторот, потромо нешто не сум возел можда и требаше 20 секунди до стотка, внатре бучеше како трактор, а за потрошувачката да не спомнувам 12-13 литри градска.
Значи заклучок во моево досегашно искуство со коливе полн сум со разочарувања
