Автор Тема: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..  (Прочитано 20187 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..
« Одговори #30 на: 05 Мај 2017, 10:26:35 am »
@Deni

Пабло сендвичот....порција стек и фурнаринки...

« Последно менување: 05 Мај 2017, 10:38:28 am Stratro »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..
« Одговори #31 на: 05 Мај 2017, 10:33:20 am »
Се канам веќе некое време да отидам, ај затопли па ќе одам на пауза. Исто ми фалеа сендвичите биле ептен добри.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10495
Одг: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..
« Одговори #32 на: 05 Мај 2017, 11:06:43 am »
А да ја кажете пицата пичкамумајчина?
https://www.facebook.com/Bacardi-Lounge-Bar-%D0%9A%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%BE-1455266681368416/?fref=ts
Ако веќе те носи на така патот имаш фурна за пици, а уште малце по така што туку отепано рипче на скара(печено/пржено)
https://m.facebook.com/Ресторан-Фурна-1455637238022173/?refid=0   
https://m.facebook.com/RibenRestoranDobrenoec/?tsid=0.4392101149742653&slog=6218139260&seq=1272687082&rk=0&fbtype=274

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3562
Одг: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..
« Одговори #33 на: 05 Мај 2017, 15:11:24 pm »
Ооооод кај да почнам...

1. КафиЌи/LoungeBar-ови
Во зависност од местоположба и моја локација во даден момент ќе ги издвојам Ле Петит - Автокоманда супер кафенце, Палма - Аеродром претежно во летен период за сладолед, да не знаеш што да одбереш и од сладолед и од благи, топло препорачувам чизкејк и чоколадна торта, реон Центар Пјаца Либерта на добро кафе и вафла со благи сосови, Торос (исто со Пјаца само троа поголем избор во менито) за мнооогу добри похованици уз пивце или винце, а и пицата е скоро па одлична, конкретно кватро формаџи.
Рамстор на турско чајче, се заборавам како се викаше кафиЌот од кај косиот влез, Пошта знаев едно време, ама ме нервира лоша услуга!
Бруклин Сити Мол, убаво кафенце фин персонал и топ Цезар салата, и Чаптер најчесто свратувам за Говедски бургер со 2 плескавици мх мх мх! Понатака Black Pearl Илинден, бургерот е МАДАФАКА крај, закон, ВРВ и Хиподром во Кремисимо, ок е и да каснеш и кафе да испиеш!

2. Ресторани/Кафани
Скопје и околина. Етно село Старо Буре Кучково, ок амбиент и храна, ама слабо им оди на келнерите контактот со потрошувачите...Национален ресторан Чардак, си ја знае Мачак од времето работата со менаџирање па затоа и ресторанот си функционира супер, нема утка таму. Кафана Дома Белимбегово, Илинден кој како си милува, сакам значи кога ќе го донесе реброто во природна големина, а не цепкано, 40цм ребро на жар, не е ни ќумур ни плин, туку само дрво, едно од подобрите ребра во државава, и доста пристапни цени, само ќе ве замолам да не нарачувате благо. Во таа околина и Кљуз ми е топ кафанче, живо џабе, а екстра јадење.
Дојрана, прв избор секогаш, дали било за чорба дали било за главно јадење, прасечко секогаш тазе и топ спремено, сабајле се најчесто „бизнисмените“, ама за вечера има топ амбиент, десерт падобранец, закон. Бутел 1 Бајка ефтино и вкусно. Ресторан Гама - Бисер, месото е   супер, амбиентот не е којзнае што, ама за ручек и пиво е супер, Де Гама доле братската е така по уредено и подобар амбиент, ма да останува помислата дека си у подрум. Моја Куќа, до пред 2 години беше океј место, откако ја презема некој друг ужас и јадење и амбиент, кучиња и мачки ти се мотаат под маса низ нозе. Низ Центар знаев да свратам Кај Јоле дур работеше, тивко, мирно, а во Центар со убава храна. Дебар Маало, во сите сум седнал барем еднаш, Скопски Мерак треба да се свести малце со цените кај тера, не е најдобар и едно еспресо од куќата нема да му го спушти рејтингот, Илинден левата добра услуга и релативно брза, кај Перо исти проблем со цените, изгледа тие што се од десна страна имаат проблем некој, поскапа е киријата изгледа, и најчесто кога сум таму седнувам во Чардак зошто ми е нај ок комплетно гледано. Преко пута карши Старо Скупи, убава храна беспари :P Гостилница КА, таму имаш две варијатни на провод, едната е да те служи буцкастиот плав брз дечко му го заборавам името, а другата е да те служи слабиот висок и тромав црн дечко. Кај првиот ако нарачаш 200гр. месо ти носи 300гр. месо и месото е спремено за мерак прсти да излижеш, башка кафето на крај од куќа и зафрканциите цела вечер не ги спомнувам. Ако те служи овој другиот се чувствуваш како да си згрешил нешто со него, страв ти е дури и да го викнеш да платиш не знаеш дали ќе дојде, нарачуваш 200гр. месо добиваш 134гр. и автоматски имаш проблем - не си најаден (доста јадам трици убаво е). Кога сакам да се најадам убаво и не ме интересира ништо друго, секогаш прво ми текнува на Старо Буре во Лептокарија и 99% одам таму, а 60% од посетите јадам полнет стек :P Неколку пати имам седнато и во Вива во Влае од кружен према техногас измеѓу техногас и семафорите, позади поранешно Центро, убаво и ефтино скариче.
Други места што би издвоил се Воденица 3 Крива Паланка, строго летно време и маса до реката, нема утка за убаво поминат ден. Антика Струга до Дрим навечер по кратки дур дрмаш ракија ладно ти е, а топло ти е, јадењето е топ. Во Охрид има едно кафанче Фортуна кај старата автобуска, ако сакате добро тавче гравче со добра шопска тоа е местото. Во Битола на добра телешка чорба во Капри (@martin_bt исправи ме ако не се вика така, ти ме однесе таму :P) према Молика одма после Макпетрол. Во Прилеп најубавата скара ја имам јадено кај Кумата, гз место кафанче ама одлично. Во Неготино за јадење Скара Алф позади Стоковната, добра шницла сеа би отишол. Во Штип најчесто во Мал Одмор знам да свратам, ради локацијата да не се шуткам, пастрмајлијата им е солидна, иако има поубава на уште едно место ама не му го памтам името. Најдобрата според мене, а и според многумина Мечкуевска Куќа - Пуже, Пужето треба да им држи предавања на угостителите во државава како треба да се работи, со тоа доволно кажав, само таму ми се случува да ни ги читаат мислите, и поради тоа никогаш не нарачувам конкретно од менито, туку донеси ми мезе и жолта, никогаш не промашиле, донеси ми месо и вино, благото и кафето на крај не мора да напоменувам дека се од куќата, тоа така треба да биде во секој ресторан/кафана.

3. Ноќни клубови.
Се што фатија, се’ уништија. До 2012 имаше ноќен живот од тогаш наваму бледа копија на ноќниот живот. Откога умре Хард Рок полека почна да умира се, пробуваа отвораа ама џабе. После него умре Б2 и од тогаш ретко сум во диско, си претпочитам кафана. Во зависност од расположение и промили во крвта знам да завршам и во Виолина и во Океаник, тип сум што излегува за друштво никогаш ради место или за да биде виден, другово од дискотекиве ми е се’ едно те исто и веќе видено, не се ни трудат да променат нешто. Ова го зборам затоа што до 2012 и јас менаџирав и сите други што менаџираа до тој период имаа идеи за журки за секаков тип на музика сите имаат различни вкусови, ама овие сеа што се тапкаат у место. Единствена надеж дава Интермецо, ќе стане ноќен клуб за многу скоро време, и познавајќи го Камењар ќе го биде клубот.

Толку од мене, извинете ако претерав! :D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..
« Одговори #34 на: 05 Мај 2017, 15:40:59 pm »
У Океаник подобро е и да не бидеш виден...
Почна како клуб кој се фураше на џез за да заврши со ова... ;D


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4284
Одг: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..
« Одговори #35 на: 06 Мај 2017, 07:51:36 am »
Препорака за ресторан Бриони во Кавадарци.Одлично место во паркот,дебела сенка за летно време,храната супер,цените исто,е само што чекав доста за сметка бидејќи беше 1ви Мај и беше преполно.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..
« Одговори #36 на: 06 Мај 2017, 09:50:59 am »
Да каже некој кај има добри курви за пари она класична јавна куќа?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..
« Одговори #37 на: 06 Мај 2017, 10:16:56 am »
Dotamu li dojde rabotata...

Sent from my SM-J500FN using Tapatalk


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..
« Одговори #38 на: 06 Мај 2017, 22:42:34 pm »
Да каже некој кај има добри курви за пари она класична јавна куќа?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk



Бугарија.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..
« Одговори #39 на: 07 Мај 2017, 10:03:35 am »
Собрание?
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..
« Одговори #40 на: 13 Октомври 2018, 17:12:36 pm »
@Stratro @smole удрете бамп кога ќе сте слободни.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3082
Одг: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..
« Одговори #41 на: 14 Октомври 2018, 09:24:15 am »
@Stratro @smole удрете бамп кога ќе сте слободни.
A?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10495
Одг: Ноќни клубови, кафулиња, ресторани, кафани..
« Одговори #42 на: 14 Октомври 2018, 11:10:56 am »
За искачање да му метиме нешто  :)