Со сунѓер не се врши звучна изолација. Тој примарно може да се користи за апсорпција и дифузија на звучните бранови од внатрешната страна. Кога веќе стигнале тие до стаклото - и го здрмале (звукот се пренесол) нема да го спречи сунѓерот. Можеби како додаток сунѓерот може да има примена, но најпрво е потребна тежинска апсорпциона изолација. Таа може да се врши во тенки слоеви со битумен, па врз него сунѓер или друга изолација. Може и некои гумени сунѓери да побараш да видиш дали ќе завршат работа за некоја средна опција. А изборот би требало да падне на вистински матерјал за изолација како на пример минерална или стаклена волна. Стаклена најконкретно.
1. Поентата на тежинската изолација е да постигне апсорпција на механичките бранови од воздухот во себе, но бидејќи е тешка нејзината резонантна фрекфенција е доста ниска, и со тоа ја дисипира енергијата кон околниот простор во пониска варијанта и со значително намалена енергија. (Битумен)
2. Поентата на волните е да се постигне апсорпција на механичките бранови од воздухот во самите влакна. Тие ќе се придвижат и ќе се тријат меѓусебно, а за тоа триење е потребна енергија која ќе се добие од звукот. Со други зборови ќе ја претворат енергијата на звукот во топлинска енергија и ќе ја дисипираат на тој начин.
Сунѓер не врши апсорпција. Но, како и било каква нерамна површина може да врши дифузија и рефлексија на дел од звукот пред да дојде до бариерата. А со тоа можеби на некој начин да ја зголеми акустиката на просторијата во која е ставен. Но, не за изолација или апсорпција. Или поедноставно ако самата соба има звуци од саамта себе, и тие рефлектираат меѓу ѕидовите засилувајќи се - сунѓер може да помогне.
Напратко, тебе ти треба да се стави акустичен сунѓер иле некаков дифузер од нивната страна на стаклото. На самото стакло да се залепи битумен за да се отежне, потоа да се стави стаклена волна во дебелина од 10цм, потоа да се монтира гипс-картон на гумени лежишта кои нема да пренесуваат механичка енергија.
Убаво би било да се обратиш во
кнауф, да видиш дали ќе ти понудат некакво решение кое би ти одговарало. Зошто за 7 квадрати веќе даваш 5000 денари, плус монтирања, лепаци и слично што не е малку пари за да не свршиш работа на крајот. Можеби за 10.000 ќе се најде решение кое ќе донесе некаков вистински резултат.
Со стиропор буквално ништо неможе да се постигне при блокирање механички бранови и акустика.
П.С: Тој сунѓер во Хубо беше 350 денари квадрат пред 2 години. Види може да си утнал со ценава, а може и го качиле.