Мајстор ти работи оти он треба пари да земе а не оти ти треба да добиеш нешто за парите.
Скопје врие од мајстори од Кавадарци, Велес, Куманово и секаде. Сите се со полн ангажман. Тешко да најдеш плочкар.
Ако имаш малку искуство, треба да го препознаеш од разгледувањето што ти го прави по површините кои ќе ги лепи.
Ќе го следиш какви прашања ќе поставува и прашај го нешто да видиш дали му фаќа црпката. Ако го најдеш, пазари го одма. За цена не прашувај! Вујко на сопругата - мајсторот, пред да почне со работа, 2 саата размерува и планира! Секогаш знае кое каде треба и од око. Знае и зошто нема да излезе како што си замислувал. Да работеше пои скопските згради сеуште, ќе ти завршев работа пошто и му помагав за викенди. Но од неплаќачи кои се викаат газди и инвеститори, престана.
Среќно.