Денес покрај мене возеше Алфа 159 караван. Имаше дизел мотор пошто чуреше црно ама не знам каков. Значи јас возам 50-60 и тактизирам со сообраќајот за да ги фатам сите семафори од Тафталиџе накај центар. Алфава те ми блиндира те ме заобиколува и све се заебува, пак јас пред него испаѓам.
На крај пред Буњаковец изгуби нерви човеков, опна гас до даска, веројатно во втора или во трета брзина и направи шлајфка што траеше може две секунди и тоа при брзина од 50-60км/ч. Е тоа ти се вика мотор што корне, али чури и смрди неподносливо.
Може нешто сјебано, (затнат ЕГР) обично не чурат освен на 5500 о/мин
Брат ми е во фаза на избор на ауто, во АутоСК бев вчера, ч`чкав 159 1.9 JTS, фино средено, фини материјали, убаво, стегнато... Моторот не звучи како што сме навикнати од Алфа, во секој случај. Белки брат ми ќе се одлучи за 159-кава, одма сум ja намерачил за втор газда
Имаат и една на плац V6 3.2 Q4, таа ептен е ѕверка!