Автор Тема: Автомобил што најпријатно ве изненадил  (Прочитано 15238 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненад
« Одговори #15 на: 29 Декември 2015, 17:42:53 pm »
Mercedes W210 220CDI.

Многу честа кола знам, не е ништо нарочито. Ништо посебен мотор. Стар модел и све то.

Немав речиси никакви очекувања пред да влезам. Но кога се развозивме низ град, а потоа на отворено, количето беше топ.

Ергономија, тивкост, добра потрошувачка (и покрај тоа што беше автоматик), некако се чувствував многу добро.

Како модел имаат многу маани (каросериски) ама мене многу пријатно ме изненади.



Е сеа други коли, се знае дека повеќе литри поголемо изненадување :D

Ford Falcon 4.0 австралискиот, ѕвер од кола. Навистина добра.

Друго, Супербот евентуално, ама и очекував да ме импресионира.


А да, Daewoo Tico. Картинг човече. Можеше да те дувни шлепер, ама пожилаво количе не сум возел :D

Го стискаш дур оди (а оди), ти троши 7 градска. :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #16 на: 29 Декември 2015, 21:22:16 pm »
Ти како си тргнал, секоја кола во која ќе го сместиш газот, пријатно те изненадува  :P ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #17 на: 29 Декември 2015, 21:27:58 pm »
Баш убаво е така, секогаш задоволен ќе биде :D

Да не бидам оф топик, мене Ферари Калифорнија пријатно ме изненади. Ич не ми правеше мерак на слики и на клипчиња, али кога ќе ја провозиш и особено кога ќе го слушнеш звукот на се забораваш, особено ако не си возел ништо слично пред тоа ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #18 на: 29 Декември 2015, 22:09:36 pm »
Хех, па ти од коњ на магаре се симна. Убаво си имаше Интегра, па мораше да се симнеш на Ферари... жабарска работа :) Јапонија е боља од Италија

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #19 на: 30 Декември 2015, 17:23:41 pm »
Одамна не сум пишал на форумов, ама интересна темава.  Пред една недела бев на тест возење на Тесла п90д, и не да бев пријатно изненаден, уште неможам да се соземам од колата.
Ги надмина сите мои очекувања, чуството е скроз различно од било која кола што сум ја возел до сега, имам возено и доста брзи коли, али забрзувањето на ова чудо во инсејн моуд 0-100 за некој си 3,2- 3,5 секунди е лудило, и колата не престанува за некој си 5 секунди веке бев близу до 90mph, 140-150кмч, звукот на забрзување поише потсеќа на авион коа полетува отколку на кола. Кога возиш полека градска вожна, ко да си у библиотека ништо не се слуша. Една од интересните опции што ја пробав беше и аутопилотот, возам на аутопат, обиколница на Филаделфија, со некаде околу 120кмч и колава сама си вози блага кривина воланов си врти, искрено на почеток страшно делуваше цело време се посегав по воланот.
 
 Арно ама цена над 100,000,  ке чекаме пролет модел 3, да видиме што ке биде се очекува цена 35-40,000

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #20 на: 30 Декември 2015, 18:12:11 pm »
Ти како си тргнал, секоја кола во која ќе го сместиш газот, пријатно те изненадува  :P ;D

Па не би рекол.

Дачија Сандеро... катастрофа
Opel Astra GTC 1.4 Т...не ме импресионира...а имав очекувања
Fiat Doblo 1.3jtd - бучно, не комфорно, единствен пат во животот кога на сред автопат ми се слоши додека седев назад.
Seat Toledo mk3 1.6 - се трудев да најдам работи што ќе ми се допаднат ама ништо.
Great Wall не знам кој тој SUV-от што им е - Само сервото беше закон.



Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #21 на: 30 Декември 2015, 18:26:24 pm »
Одамна не сум пишал на форумов, ама интересна темава.  Пред една недела бев на тест возење на Тесла п90д, и не да бев пријатно изненаден, уште неможам да се соземам од колата.
Ги надмина сите мои очекувања, чуството е скроз различно од било која кола што сум ја возел до сега, имам возено и доста брзи коли, али забрзувањето на ова чудо во инсејн моуд 0-100 за некој си 3,2- 3,5 секунди е лудило, и колата не престанува за некој си 5 секунди веке бев близу до 90mph, 140-150кмч, звукот на забрзување поише потсеќа на авион коа полетува отколку на кола. Кога возиш полека градска вожна, ко да си у библиотека ништо не се слуша. Една од интересните опции што ја пробав беше и аутопилотот, возам на аутопат, обиколница на Филаделфија, со некаде околу 120кмч и колава сама си вози блага кривина воланов си врти, искрено на почеток страшно делуваше цело време се посегав по воланот.
 
 Арно ама цена над 100,000,  ке чекаме пролет модел 3, да видиме што ке биде се очекува цена 35-40,000
ју лаќи санамабич

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #22 на: 17 Јули 2017, 16:21:33 pm »
Мора да се врати темава во живот.

anyone?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6692
  • Бенве сие бенве
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #23 на: 17 Јули 2017, 16:26:43 pm »
Шкода Јети 2.0тди 110 фејс земена рента кар у немачка. 1000km не ги сетив. И фалеа коњи се осеќаше ама колата возеше многу стсбилно и не замараше воопшто


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #24 на: 17 Јули 2017, 17:09:37 pm »
Па не дека баш најпријатно ме изненади но ме изненади Ауди А4 авант од 1997г со 1,8т мислам 180кс. Тоа што пријатно ме изненади е колку добро се држеше на 180км/х во долги кривини и беше доволно тивко внатре како за кола од тоа годиште.

Сепак, седењето внатре позади а имам седено и напред, е катастрофално неудобно, мислам КАТАСТРОФАЛНО, буквално. Премногу звук од подвозјето и пренос на ударите внатре се осеќаше исто така. Истиот недостаток го имам осетено и кај А4 од 2008+г освен седењето кое е за нијанса подобрено но не толку колку што треба.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #25 на: 17 Јули 2017, 17:19:36 pm »
Мазда 2.2 моторот во мазда 3.
Мазда аутоматик менувачот во MX5.
Мазда 1.5 моторчето во МХ5.

*споро ракоплескање*

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #26 на: 17 Јули 2017, 17:55:01 pm »
Nissan Micra 1.2 80 ks! Nemav nikakvo mislenje za kolava otkoga ja povozev 50km stvarno epten pozitiven vpecatok prekrasen menjac lesna za manevriranje dosta ziva. Bravo, dosega sum vozel dosta razlicni minijaturni benzinci ova e najdobro do sea.

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 309
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #27 на: 17 Јули 2017, 17:58:38 pm »
VW Up и браќата - просто неверојатно колку простор има внатре. Интересно возилце, иако од надвор делува како досадно, мало, тромаво, глупаво возило. Бидејќи претежно возам во град, оваа кола е the perfect choice.

+ прелесно серво
+ одличен менувач
+ одлично седење и прегледност
+ не му ја мислиш за паркинг
+ AUX ;)
- моторот е мртов кога климата е уклучена
- си има малку појќе крути пластики
- си лапа бензин и сака повисоки вртежи

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #28 на: 17 Јули 2017, 18:00:43 pm »
Мојата кола - не се расипа минатиот месец :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17452
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Автомобил што најпријатно ве изненадил
« Одговори #29 на: 17 Јули 2017, 18:42:14 pm »
Цитроен Ксара 1.4 2004 година. Не е ова кола за Алфисти, ништо не се расипало до сега, нема што да се чепка освен да лепам пластики со жива гума за да не крцкаат... Досадно е вака, ама барем пријатно изненадува со трошоци за возење и одржување ;D