Одамна не сум пишал на форумов, ама интересна темава. Пред една недела бев на тест возење на Тесла п90д, и не да бев пријатно изненаден, уште неможам да се соземам од колата.
Ги надмина сите мои очекувања, чуството е скроз различно од било која кола што сум ја возел до сега, имам возено и доста брзи коли, али забрзувањето на ова чудо во инсејн моуд 0-100 за некој си 3,2- 3,5 секунди е лудило, и колата не престанува за некој си 5 секунди веке бев близу до 90mph, 140-150кмч, звукот на забрзување поише потсеќа на авион коа полетува отколку на кола. Кога возиш полека градска вожна, ко да си у библиотека ништо не се слуша. Една од интересните опции што ја пробав беше и аутопилотот, возам на аутопат, обиколница на Филаделфија, со некаде околу 120кмч и колава сама си вози блага кривина воланов си врти, искрено на почеток страшно делуваше цело време се посегав по воланот.
Арно ама цена над 100,000, ке чекаме пролет модел 3, да видиме што ке биде се очекува цена 35-40,000