Гласање

Кој од овие 3 го посакувате највеќе ?

Alfa Romeo Giulietta 2.0 Mjet
31 (51.7%)
Audi A3 1.6 TDI CR
13 (21.7%)
BMW 118 D
16 (26.7%)

Вкупно гласови: 59

Автор Тема: Луксузни Компакти  (Прочитано 66553 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #240 на: 05 Септември 2011, 17:37:59 pm »
Џулиета е уникат-копија на астра, што е копија на Leon, и ауто направено по најстроги стандарди.
Поправено :)

Ако више тераме така, еве и од мене една „поправка“.

А сите знаеме дека Леонот е копија на Алфа, односно цел Сеат.


Сет Гем Меч ;D ;D ;D ;D ;D ;D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #241 на: 05 Септември 2011, 17:42:07 pm »
Џулиета е уникат-копија на астра, што е копија на Leon, и ауто направено по најстроги стандарди.
Поправено :)

Ако више тераме така, еве и од мене една „поправка“.

А сите знаеме дека Леонот е копија на Алфа, односно цел Сеат.


Сет Гем Меч ;D ;D ;D ;D ;D ;D

Не баш цел, ама поголемиот дел :)
Дежирен кривец = Walter de'Silva

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #242 на: 05 Септември 2011, 17:53:13 pm »
Џулиета е уникат-копија на астра, што е копија на Leon, и ауто направено по најстроги стандарди.
Поправено :)

Ако више тераме така, еве и од мене една „поправка“.

А сите знаеме дека Леонот е копија на Алфа, односно цел Сеат.


Сет Гем Меч ;D ;D ;D ;D ;D ;D

Не баш цел, ама поголемиот дел :)
Дежирен кривец = Walter de'Silva

Не дека тоа е лошо. Екстра количе, секогаш би го избрал пред Астра.

Алфа ќе копира од Опел. Иди бре нека се лечат.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #243 на: 06 Септември 2011, 18:28:17 pm »
На почеток еден голем поздрав до сите форумаши, најпосле во Македонија еден достоен форум во за мене омилена тема. Закаснив со приклучувањето, а поради навистина добрите теми и коментари се изнамачив да ги испрочитам за да ве „стигнам“ и да бидам во тек со случувањата овде на форумов.
Особено е интересно тоа што го приметив на оваа тема, е нашето наседнување на маркетиншките финти на произведувачите на автомобили и нивната желба кај нас да створат чувство дека токму тие се брендот кој е за нас, а ние сме тие кои треба со живот да ги одбраниме од „напасниците“ кои му поверувале на противничкиот табор и за омилен автомобил не го одбрале нашиот.
И ова е така од памтивек вероватно поради генетската мана на човекот да си го фали „својот коњ“ а на другите да фрла со дрва и камења.
Уште од времето кога бев „горд“ возач (во сопственост на тато  :) ) на Југо Корал 55, како ли ги гледав тие со Корал 45 - јадници со мотор од Фиќо и танко „ауспуше“, а сонував за вистински автомобил. Во споредба со тогаш денес сите автомобили се извонредни, крајно опремени и технички претерано напредни а ценовно распределени скоро за сечиј џеб. Единствена разлика е во обемот на понудата - (купе, хечбек, седан, караван, кабриолет и теренец со милион подваријации како спорт и фамилијарен хеч, купе со 4 врати ?!?, СУВ, МУВ, ЦУВ ...) и краткиот век на една моделска серија на сега веќе дури 3 години, повторно со цел од нас - купувачите да извлечат корист. Да не споменувам делење на подвозја, мотори е се останато само да се намали фабричката цена, а до бесвест менување на дизајн на каросерии од „инфра-класично“ до „ултра-модерно“.
Епа ај сега бидете купувач и одлучете лесно. Па сигурен сум дека има помалку критериуми за да се одбере девојка или сопруга отколку за нов автомобил?!? Можеби затоа што за првава не мора на почеток да одделите 10К+ евра за да ја добиете :)
Но да не бидам „скроз“ ОТ да се вратам на темата.
Ако го делев мислењето на многумина сигурно ќе одлучев поинаку, но бидејки го слушав срцето мојот сегашен избор е BMW серија 1, а причините се мошне едноставни:
1. ценовно најефтино BMW
2. автомобил во средно-ниска „голф“ класа кон која се стремев и доволно за мои потреби
3. покрај 10-тина Ауди-ја, Форд-ови и останати коли кои татко ми ги возеше и продаваше јас (на свои прилично зрели 7 години) единствено плачев кога го продаде BMW-то 1602, појма немам зошто  ???
Да бидам искрен во план ми беше и А3, но не баш Алфа. И тоа не е заради што Алфа е ваква или онаква или на алфистите нешто им фали. Многу понастрана од сите понижувачки помисли и некакви деградирања кон било кого, туку од една многу рационална причина која некој ја начна но сепак доволно не ја потенцира во минатите постови: поврзаноста помеѓу индувидуалноста на личноста и карактерот на автомобилот. Дотаму што јас на пример сега не се гледам дури ни во BMW Z3/4, 6, 7. VW тоа го препозна затоа својата фамилија ја подели на: Сеат-спортско, Шкода-фамилијарно, VW-рационално, Ауди-премиум, Порше-луксуз. Затоа искрено ги почитувам сите оние кои вистински направиле сопствен избор и држат до себе.

Сега приметив дека сум ја претерал со должината на постов.
Уште еднаш поздрав до сите форумаши, посебно до Гојдо, Спортекс, Cuore Sportivo, chlink, zeroSignal, velestrumf... кои иако не ги познавам лично низ темите на форумов досега некако ми оставија најмногу впечаток.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #244 на: 06 Септември 2011, 19:22:23 pm »
Добредојде! Одличен прв пост. Не ни кажа, што возиш?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #245 на: 06 Септември 2011, 19:29:56 pm »
Добредојде! Одличен прв пост. Не ни кажа, што возиш?

+1

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #246 на: 06 Септември 2011, 19:32:59 pm »

но бидејки го слушав срцето мојот сегашен избор е BMW серија 1, а причините се мошне едноставни:


;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #247 на: 06 Септември 2011, 19:46:14 pm »
Добредојде...!!!

Конечно некој да каже еден убав збор за мене, за Гојдо и за Куоре. ;D

Инаку само жалопојки и плачки.

БТЊ...Нешо вака количе моличе да ти се наоѓа за в гаража ...нешто...?

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #248 на: 06 Септември 2011, 19:49:26 pm »
Добродојде,секоја чест за размислувањето и одличниов пост!
Нормално како што кажаа и другите треба да ни го преставиш твоето возило во нашава гаража.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #249 на: 06 Септември 2011, 20:39:10 pm »
Алфа ќе копира од Опел. Иди бре нека се лечат.
Јас како што гледам крадејќи се лечат.

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #250 на: 06 Септември 2011, 20:41:26 pm »
Добредојде...!!!

Конечно некој да каже еден убав збор за мене, за Гојдо и за Куоре. ;D

Инаку само жалопојки и плачки.

БТЊ...Нешо вака количе моличе да ти се наоѓа за в гаража ...нешто...?
;D ;D :D :D
Ако вози Алфа што правиме Спортекс ;D

Отсутен ViksaSk

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1225
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #251 на: 06 Септември 2011, 23:57:17 pm »
Добредојде...!!!

Конечно некој да каже еден убав збор за мене, за Гојдо и за Куоре. ;D

Инаку само жалопојки и плачки.

БТЊ...Нешо вака количе моличе да ти се наоѓа за в гаража ...нешто...?
;D ;D :D :D
Ако вози Алфа што правиме Спортекс ;D
Одма напад!

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #252 на: 07 Септември 2011, 01:11:27 am »
Добредојде! Одличен прв пост. Не ни кажа, што возиш?
Благодарам на топлиот прием на сите, сега приметив дека на толку голем пост некои работи сепак не сум ги кажал доволно јасно :)

Возам BMW 116i facelift и помислив да го претставам во гаражата ама немам никакви естетески  модификации (освен свежо пребришан ентериер од прашина и каросерија премачкана со тврд восок), а и не планирам во иднина па нема да сум баш нешто интересен. Но ако е таков редот ке припремам и постирам за скоро.

Уште еднаш поздрав до сите и благодарност за топлиот прием

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #253 на: 07 Септември 2011, 01:16:30 am »
Добредојде! Одличен прв пост. Не ни кажа, што возиш?
Благодарам на топлиот прием на сите, сега приметив дека на толку голем пост некои работи сепак не сум ги кажал доволно јасно :)

Возам BMW 116i facelift и помислив да го претставам во гаражата ама немам никакви естетески  модификации (освен свежо пребришан ентериер од прашина и каросерија премачкана со тврд восок), а и не планирам во иднина па нема да сум баш нешто интересен. Но ако е таков редот ке припремам и постирам за скоро.

Уште еднаш поздрав до сите и благодарност за топлиот прием
Зоки другарче добродојде , имаме малку појачување БМВ истите на форумов . ;D



Дени не го слушај , ќе коментира малку за БМВ то ;D ;D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Луксузни Компакти
« Одговори #254 на: 07 Септември 2011, 01:31:54 am »
Здраво Зоки!

Во споредбава иако е со каталошки цени, треба да се напомене дека разликата во моторите е доста голема, па соодветно логично е да Алфата со 170 кс има предност пред „БМВ“ со 140 и А3 со само 105кс. Е сега цениве се подложни на многу разговор, особено кај БМВ заради искачањето на новиот Иван Грозни, и другарка го зема 118д се комплет за близу 20.000 еур.
За оваа цена од 25.000 еур да земеш некоја од коливе, јас сметам дека треба да си стварно неинформиран. :)