На почеток еден голем поздрав до сите форумаши, најпосле во Македонија еден достоен форум во за мене омилена тема. Закаснив со приклучувањето, а поради навистина добрите теми и коментари се изнамачив да ги испрочитам за да ве „стигнам“ и да бидам во тек со случувањата овде на форумов.
Особено е интересно тоа што го приметив на оваа тема, е нашето наседнување на маркетиншките финти на произведувачите на автомобили и нивната желба кај нас да створат чувство дека токму тие се брендот кој е за нас, а ние сме тие кои треба со живот да ги одбраниме од „напасниците“ кои му поверувале на противничкиот табор и за омилен автомобил не го одбрале нашиот.
И ова е така од памтивек вероватно поради генетската мана на човекот да си го фали „својот коњ“ а на другите да фрла со дрва и камења.
Уште од времето кога бев „горд“ возач (во сопственост на тато
) на Југо Корал 55, како ли ги гледав тие со Корал 45 - јадници со мотор од Фиќо и танко „ауспуше“, а сонував за вистински автомобил. Во споредба со тогаш денес сите автомобили се извонредни, крајно опремени и технички претерано напредни а ценовно распределени скоро за сечиј џеб. Единствена разлика е во обемот на понудата - (купе, хечбек, седан, караван, кабриолет и теренец со милион подваријации како спорт и фамилијарен хеч, купе со 4 врати ?!?, СУВ, МУВ, ЦУВ ...) и краткиот век на една моделска серија на сега веќе дури 3 години, повторно со цел од нас - купувачите да извлечат корист. Да не споменувам делење на подвозја, мотори е се останато само да се намали фабричката цена, а до бесвест менување на дизајн на каросерии од „инфра-класично“ до „ултра-модерно“.
Епа ај сега бидете купувач и одлучете лесно. Па сигурен сум дека има помалку критериуми за да се одбере девојка или сопруга отколку за нов автомобил?!? Можеби затоа што за првава не мора на почеток да одделите 10К+ евра за да ја добиете
Но да не бидам „скроз“ ОТ да се вратам на темата.
Ако го делев мислењето на многумина сигурно ќе одлучев поинаку, но бидејки го слушав срцето мојот сегашен избор е BMW серија 1, а причините се мошне едноставни:
1. ценовно најефтино BMW
2. автомобил во средно-ниска „голф“ класа кон која се стремев и доволно за мои потреби
3. покрај 10-тина Ауди-ја, Форд-ови и останати коли кои татко ми ги возеше и продаваше јас (на свои прилично зрели 7 години) единствено плачев кога го продаде BMW-то 1602, појма немам зошто
Да бидам искрен во план ми беше и А3, но не баш Алфа. И тоа не е заради што Алфа е ваква или онаква или на алфистите нешто им фали. Многу понастрана од сите понижувачки помисли и некакви деградирања кон било кого, туку од една многу рационална причина која некој ја начна но сепак доволно не ја потенцира во минатите постови: поврзаноста помеѓу индувидуалноста на личноста и карактерот на автомобилот. Дотаму што јас на пример сега не се гледам дури ни во BMW Z3/4, 6, 7. VW тоа го препозна затоа својата фамилија ја подели на: Сеат-спортско, Шкода-фамилијарно, VW-рационално, Ауди-премиум, Порше-луксуз. Затоа искрено ги почитувам сите оние кои вистински направиле сопствен избор и држат до себе.
Сега приметив дека сум ја претерал со должината на постов.
Уште еднаш поздрав до сите форумаши, посебно до Гојдо, Спортекс, Cuore Sportivo, chlink, zeroSignal, velestrumf... кои иако не ги познавам лично низ темите на форумов досега некако ми оставија најмногу впечаток.