Што се однесува до МакКар и customer care ...немам некое лично големо исуство.
Имав еднаш зажано тест возење на BMW 120i само што излезе.
Типот цел месец ме убедуваше дека ќе си го добијам возењето.
„Ама знаете новинари имаме“, „Да, нема да ве оставиме, ќе го добиете вашето возење“...
Да не зборувам за други работи што сум ги слушал од други луѓе за хаосот во кој работеа и слично.
А, не дека и Аутомакедонија се нешто подобри ама ајде...
Најлошо искуство сум имал со Киа Моторс.
Другарче ме викна да си купи кола. Одиме јас, тој, брат му и татко му. Седнуваме и „продавачот“ ни вика „Да, моторот е 1.4...т.е што ќе ви објаснувам и така нема да ме разберете...“

Стариот се изнервира викна шефови ова она ...циркус...
До сега, најдобар однос сум имал во Шкода, особено Јосифов во Битола. Луѓето се трудеа да ми објаснат, начини на плаќање, проверуваа по банки, тест возење закажано-исполнето.