Автор Тема: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..  (Прочитано 12764 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Инспириран од кампањата на Петар за Појадок и Пауза за убаво понашање, и темата што веќе ја имавме за Средување на сообраќајот во Скопје, сакам да склопам еден текст за на порталот, што ќе има неколку точки кои луѓето не би требало да ги прават од сељачки аспект.

Давајте предлози, па ќе одбереме и ќе ги вклучиме во текстот.

Мојот придонес, сега за сега:

- Бидете подготвени на семафор да тргнете кога треба.
- Не држете кочница кога нема потреба.
- Не свирете непотребно.
- Пуштајте луѓе да се вклучат од страна кога треба.
- Пред да пробате да се збутате во некоја колона, прашајте прво, сигурно ќе ве пуштат.
- Возете по една лента.
- Користете жмигавци. ЕВН не ги наплаќа.
- Ако сте пешак, барем на поголемите улици, проаѓајте по пешачки премин.
- Не фрлајте пикавци од прозор.
- Не фрлајте никакво ѓубре од прозор.
- Не плукајте од прозор.
- Ако ви чади колата, мрш.
- Не се влечете во лева лента.
- Не застанувајте на булевар „по цигари.“
- Ако гледате дека на спротивната страна на раскрсницата веќе е блокирано, а вас уште ви е зелено - застанете. Ќе ве фати црвено на сред семафор, и само ќе им сметате на возилата што се движат во друга насока.
- Слушаш некаква музика? Супер, не мораат и другите да ја слушаат (мада, и ја сум крив за ова од време на време).
- Не паркирај по зелени површини.
- Не фаќај место за две коли на паркинзи.
- Не оставај патници на рандом места.

Ајде, уште? Да направиме една добра и квалитетна листа. Да ги поднаучиме луѓето да не бидат сељаци..

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #1 на: 16 Јуни 2014, 14:39:38 pm »
Четири жмигавци не значат тука е дозволено да се паркирам и да ти закочам во место
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #2 на: 16 Јуни 2014, 14:42:08 pm »
-Не ги затемнувај прозорите 100%.
-Не им довикувај на женски по улица да ти ја излижам пи*ката.
-Не им се лепи на луѓето позади кола, небитно дали во возење или додека стојат.
-Точак не се вози во средна лента на булевар.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #3 на: 16 Јуни 2014, 14:50:59 pm »
Во трафика се влегува пешки, непристојно е да влегуваш со автомобил. :D :D :D Морав
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #4 на: 16 Јуни 2014, 14:52:14 pm »
Исто така безобразно е по пат да собереш и чадор со бетонската основа и истата да ја фрлиш на каса :).

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #5 на: 16 Јуни 2014, 14:52:19 pm »
Не кочи нагло.
Не влегувај во лента доколку нема простор за тоа иако сум толерантен и скоро секогаш пуштам луѓе да влезат.
Давај жмигавец кога вртиш.
Кога излегуваш од споредна улица а јас возам прилично брзо, не ме терај да кочам и не излегувај, почекај 5 сек нема да сменат ништо.
Стави асални светла, немој темно плави и наштеловај ги добро фаровите,неќам да добијам катаракта.
Кога ќе видиш некоја добра цура не вози со 15км/х и не свиркај.
Не ме претицувај доколку колата ти нема снага тоа да го направиш набрзина, па јас сум принуден да кочам за да ме поминеш.
Не вози со 30-40 км/х у втора на булевар.
Не го заборавај жмигавецот уклучен.
Доколку стоиш на семафор а е рамно, не држи кочница, поготово навечер.
Не ми се лепи од позади, ова мн ме нервира.
Доколку имаш гласно озвучување не треба да значи дека на тие до тебе треба косата да им се крева од басот, намали малце.

« Последно менување: 16 Јуни 2014, 15:09:53 pm Allexxander »

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #6 на: 16 Јуни 2014, 15:02:37 pm »
Кога излегуваш од споредна улица а јас возам прилично брзо, не ме терај да кочам и не излегувај, почекај 5 сек нема да сменат ништо.

Ова болдирано. Може да важи и за пешаци, што скокаат од секаде пред кола и очекуваат без разлика со која брзина возиш да застанеш.

За таксистите важат истите сообраќајни правила како за сите други;

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #7 на: 16 Јуни 2014, 15:07:57 pm »
Кога чекам од споредна да се приклучам на главна, ако ми доаѓаш од лева, дај жмигавец дека сакаш да влезеш во споредната улица. Да не те чекам за џабе.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1488
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #8 на: 16 Јуни 2014, 15:11:03 pm »
Кога излегуваш од споредна улица а јас возам прилично брзо, не ме терај да кочам и не излегувај, почекај 5 сек нема да сменат ништо.

Ова болдирано. Може да важи и за пешаци, што скокаат од секаде пред кола и очекуваат без разлика со која брзина возиш да застанеш.

За таксистите важат истите сообраќајни правила како за сите други;

Potpolno se soglasuvam so ova:
За таксистите важат истите сообраќајни правила како за сите други

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #9 на: 16 Јуни 2014, 15:12:44 pm »
Така така, се понашаат како да се со првенство на минување.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1488
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #10 на: 16 Јуни 2014, 15:15:54 pm »
Ne zastanuvaj na sred ulica, ako ima slobodno parking mesto

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #11 на: 16 Јуни 2014, 15:18:14 pm »
- Почитувајте правила.
- Не се понашајте као кретени, само поради тоа што некој друг е кретен.
- 3 секунди црвено НЕ Е ЗЕЛЕНО!
- На пешачки предност има пешакот, ама тоа не значи дека треба цела вечност да ја користи за да пројде 5 метра.
- Кога на пешакот му е зелено на пешачки, а тебе ти е дополнително зелено за да завртиш, почекај го пешакот, неговото зелено е „позелено“ од твоето.
- Вози со средни светла, а не со сите можни што ги имаш на колата.
- Застани да го почекаш автобусот да влезе во лента, ако нема декларирана лента за него.
- Научи што да направиш во случај на сообраќајка.
- Не се паркирај во паркови идиоту дебилен.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #12 на: 16 Јуни 2014, 15:21:47 pm »
Не оди од лентата за лево право, и не се убацувај во таа лента за право само затоа што во неа имало колона а ти сакаш побрзо да поминеш

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2701
  • Слобода или смрт
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #13 на: 16 Јуни 2014, 15:22:15 pm »
Не кочи нагло.


Оваа замерка стварно нема смисла.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Како да не бидеме сељаци во сообраќајот..
« Одговори #14 на: 16 Јуни 2014, 15:23:06 pm »
- Не темпирајте да поминете само вие на семафор, нека поминат и тие зад вас. Направете ги посреќни оние околу вас.

- Пропуштете ги побрзите возила од вас, потргнете се надесно. Нема да ви се скрати ако пропуштите некого.

- Не застанувајте на булевар. Никогаш. Не е за џабе направен булевар наместо улица - потребен е тој проток.

- Не преминувајте улица ако гледате дека доаѓа возило. Возачот може да заспал, можеби имал мал срцев удар. За вашиот живот се работи.

- Секогаш оставете што е можно повеќе простор на улицата на која се паркирате. Таа сепак е улица низ која се движи сообраќај во две насоки. Улицата не е ваша, дури и ако ви е пред врата.

- Доколку видите велосипедист на патот кој е правилно обележан и ги следи правилата на сообраќајот, оставете му место. Нека помине, тој ја намалува сообраќајната гужва.