Vauxhall и Опел, Европските брендови на GM повторно се во излог, а кинезите и Volkswagen кружат.
Volkswagen и Кинеската влада размислуваат за спектакуларни понуди за Opel/Vauxhall, додека GM го губи трпението за својата Европска дивизија која само им предизвикува загуби. Извори од VW потврдуваат дека потенцијално превземање на Opel/Vauxhall е повторно на радарот на одборот. А кинеска делегација беше во Германија кон крајот на Јуни, да одржи разговори со политичарите за можноста уште една голема Европска компанија да премине во Кинеско властништво. Во Мај 2009-та, договорот беше GME да го превземе австрискиот производител на делови Магна, но во Ноември 2009-та, GM се премисли.
Зоштo GM повторно би се нафатил да го продава Опел?
Иако поранешниот директор на Vauxhall Ник Рајли (кој сега е на чело на Opel/Vauxhall) има задача да ја реструктурира целата компанија, GM Еurope сеуште губи многу пари. Во третата четвртина од 2010-та година, GME изгуби скоро $400 милиони, и уште $600 милиони во последната четвртина. Вкупно во 2010-та GME изгуби неверојатни 1.8 милијарди евра. GM безмилосно се откажа од Saab, Pontiac, Saturn и Hummer. Дали Opel/Vauxhall се следни?
Која е кинеската врска?
Малку е веројатно дека еднаш-изгорените Магна повторно би се нафатиле, а Daimler иако размислуваше за опцијата, сепак потпиша договор за соработка со Renault-Nissan во Април 2010. Многу од големите играчи веќе имаат партнерства, па вратата е отворена кон пристапување од Пекинг.
Кинеските политичари составуваат голем долгорочен план да го поттикнат растот во кинеската автомобилска индустрија. Geely, BYD & Great Wall имаат долг пат додека да станат конкурентни на светскиот пазар. Опел би можел да биде одличен партнер за ова, и Кинезите се подготвени да платат добри пари за технологии и фабрики во срцето на Европа, особено ако бидат вклучени и правата за интелектуална сопственост. Затоа делегација со задача да ги дознае фактите беше во Германија.
А што е со VW?
Кога Кинеските аспирации првпат станаа познати, Германската канцеларка Ангела Меркел го контактираше својот соработник, претседавачот на одборот на VW, Martin Winterkorn. Бидејќи Долна Саксонија има учество во VW, политичарите имаат големо влијание во Wolfsburg, а Меркел е со желба да го заштити националниот интерес и да го задржи Опел (кој е голем работодавец во Германија со 24300 вработени) целосно Германски.
Но дали на VW му е потребен уште еден бренд? „На почетокот нашиот одговор беше Нема Шанси“, изјави еден од сениор менаџментот на VW. „Но откако повторно размисливме, се прашавме како би можело да работи тоа? Би можеле да го позиционираме Опел да конкурира на Тојота. Шкода и Сеат веќе се борат со Корејските брендови, а Volkswagen би можел да се издигне над сето тоа. Сеуште сакаме да сме светски број еден до 2018. Нели би било иронично ако GM ни помогне да го направиме тоа побрзо со тоа што ќе ни го предаде Опел, а ние да го претвориме од конкурент во соработник?“
Како ќе успее GM во Европа без Опел?
GM стана помалку зависен од Опеловиот R&D центар во Russelsheim. Иако Германците ги развија платформите на Corsa, Astra и Insignia, концентрацијата на мали возила сега е префрлена на Кореа и Chevrolet, а Детроит се концентрира на алтернативни погони (Volt/Ampera) и кросовер возилата. Ако GM навистина го продаде Opel/Vauxhall, ќе се зголеми влијанието на Chevrolet брендот во Европа, кој ќе продава возила развиени од Опел произведени во ефтината Азија. Овој пристап би можел да понуди ценовна предност од 15-20%, која би можела да биде потенцијално одлучувачка на конкурентниот Европски пазар.
Пресуда?
Никој не зборува официјално за храбриот план на GM да го продаде своето Европско крило. Побаравме интервју со Ник Рајли, и добивме само дека немаат коментар. Но многу сериозни и сениор играчи ни потврдуваат дека преговори навистина се случуваат. Наскоро, пејсажот на Европските автомобилски производители, би можел повторно да се прецрта.
ИЗВОР: Georg Kacher, CAR Magazine, Јули 2011
Интересно сценарио, и мислам дека заслужува дискусија. Не знаев дека Opel/Vauxhall е со толку многу загуби. Но очигледно, не функционира се така розево и убаво. Баш ме интересира каде и како ќе заврши опусот на Опел. Коментари?