Автор Тема: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?  (Прочитано 11958 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Vauxhall и Опел, Европските брендови на GM повторно се во излог, а кинезите и Volkswagen кружат.

Volkswagen и Кинеската влада размислуваат за спектакуларни понуди за Opel/Vauxhall, додека GM го губи трпението за својата Европска дивизија која само им предизвикува загуби. Извори од VW потврдуваат дека потенцијално превземање на Opel/Vauxhall е повторно на радарот на одборот. А кинеска делегација беше во Германија кон крајот на Јуни, да одржи разговори со политичарите за можноста уште една голема Европска компанија да премине во Кинеско властништво. Во Мај 2009-та, договорот беше GME да го превземе австрискиот производител на делови Магна, но во Ноември 2009-та, GM се премисли.

Зоштo GM повторно би се нафатил да го продава Опел?
Иако поранешниот директор на Vauxhall Ник Рајли (кој сега е на чело на Opel/Vauxhall) има задача да ја реструктурира целата компанија, GM Еurope сеуште губи многу пари. Во третата четвртина од 2010-та година, GME изгуби скоро $400 милиони, и уште $600 милиони во последната четвртина. Вкупно во 2010-та GME изгуби неверојатни 1.8 милијарди евра. GM безмилосно се откажа од Saab, Pontiac, Saturn и Hummer. Дали Opel/Vauxhall се следни?

Која е кинеската врска?

Малку е веројатно дека еднаш-изгорените Магна повторно би се нафатиле, а Daimler иако размислуваше за опцијата, сепак потпиша договор за соработка со Renault-Nissan во Април 2010. Многу од големите играчи веќе имаат партнерства, па вратата е отворена кон пристапување од Пекинг.

Кинеските политичари составуваат голем долгорочен план да го поттикнат растот во кинеската автомобилска индустрија. Geely, BYD & Great Wall имаат долг пат додека да станат конкурентни на светскиот пазар. Опел би можел да биде одличен партнер за ова, и Кинезите се подготвени да платат добри пари за технологии и фабрики во срцето на Европа, особено ако бидат вклучени и правата за интелектуална сопственост. Затоа делегација со задача да ги дознае фактите беше во Германија.

А што е со VW?
Кога Кинеските аспирации првпат станаа познати, Германската канцеларка Ангела Меркел го контактираше својот соработник, претседавачот на одборот на VW, Martin Winterkorn. Бидејќи Долна Саксонија има учество во VW, политичарите имаат големо влијание во Wolfsburg, а Меркел е со желба да го заштити националниот интерес и да го задржи Опел (кој е голем работодавец во Германија со 24300 вработени) целосно Германски.

Но дали на VW му е потребен уште еден бренд? „На почетокот нашиот одговор беше Нема Шанси“, изјави еден од сениор менаџментот на VW. „Но откако повторно размисливме, се прашавме како би можело да работи тоа? Би можеле да го позиционираме Опел да конкурира на Тојота. Шкода и Сеат веќе се борат со Корејските брендови, а Volkswagen би можел да се издигне над сето тоа. Сеуште сакаме да сме светски број еден до 2018. Нели би било иронично ако GM ни помогне да го направиме тоа побрзо со тоа што ќе ни го предаде Опел, а ние да го претвориме од конкурент во соработник?“

Како ќе успее GM во Европа без Опел?
GM стана помалку зависен од Опеловиот R&D центар во Russelsheim. Иако Германците ги развија платформите на Corsa, Astra и Insignia, концентрацијата на мали возила сега е префрлена на Кореа и Chevrolet, а Детроит се концентрира на алтернативни погони (Volt/Ampera) и кросовер возилата. Ако GM навистина го продаде Opel/Vauxhall, ќе се зголеми влијанието на Chevrolet брендот во Европа, кој ќе продава возила развиени од Опел произведени во ефтината Азија. Овој пристап би можел да понуди ценовна предност од 15-20%, која би можела да биде потенцијално одлучувачка на конкурентниот Европски пазар.

Пресуда?
Никој не зборува официјално за храбриот план на GM да го продаде своето Европско крило. Побаравме интервју со Ник Рајли, и добивме само дека немаат коментар. Но многу сериозни и сениор играчи ни потврдуваат дека преговори навистина се случуваат. Наскоро, пејсажот на Европските автомобилски производители, би можел повторно да се прецрта.

ИЗВОР: Georg Kacher, CAR Magazine, Јули 2011

Интересно сценарио, и мислам дека заслужува дискусија. Не знаев дека Opel/Vauxhall е со толку многу загуби. Но очигледно, не функционира се така розево и убаво. Баш ме интересира каде и како ќе заврши опусот на Опел. Коментари?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #1 на: 30 Август 2011, 19:58:51 pm »
Вчера правев муабет со моиве и ми рекоа дека ќе сме го зимале Опел за некој месец. Демек убаво било да се одржи фирмата на домашно тло, и да се вработат македонци со врски, и да си ја направиме фамилијарна цела фирма. Директорите во главном...
















П.С. Ај да видиме што ќе бидне. Искрено не верувам дека би ја дале на Кинези. А може и нема да ја шитнат.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #2 на: 30 Август 2011, 22:52:09 pm »
Незнаев дека со толкави загуби работи Опел/Воксал, поготово после Инсигнијата и Астрата. Ај може не толку Астрата, ама како што знам, продажно, Инсигнијата доста добро котира горе. А и Корсата мислам дека се држи добро со конкуренција.
Волксваген, си имаат проблем со партнерството со Сузуки, ќе ја растураат веројатно, се шушка на големо за комбинацијата со Алфа, незнам што би правеле со Опел доколку ги купат. Евентуално ако тропне жеништено на маса, па ги услови со Германија-економија-вработеност-треба да и помогнеме на Грција-мора да ги купите. Мада не ми се верува. Кинеската варијанта ми е пореална.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #3 на: 30 Август 2011, 23:06:10 pm »
90% сум сигурен дека VW ке го земе опел. Не се даваат германците на кинезите така лесно.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #4 на: 30 Август 2011, 23:34:16 pm »
Ајде ајде не ве даваме на кинези,уште малку па ке ве земеме :D


Се зезам..ајде на крај да видиме што ке испадне,ама се мислам дека нема да ја продадат!!
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #5 на: 30 Август 2011, 23:43:34 pm »
Кога GM се реши да го угаси Pontiac, бренд со традиционално лојални купувачи и многудецениска историја на Американскиот пазар, искрено, воопшто не би ме чудело ако го продадат Opel. Дури очекував многу порано да се случи тоа, и највеќе надеж вложував во Magna, али таа зделка пропадна, а мислам дека ќе беше најдобра за Opel/Vauxhall.

Е сега што ќе се случи, стварно не можам да претпоставам. 1.8 милијарди евра загуба во 2010-та е стварно многу. Логиката на VW е солидна - наместо Opel да биде (стварно силен, иако нестабилен) конкурент, ќе го купат и ќе си ги решат долгорочните проблеми. Од друга страна, Кинезите ја сакаат технологијата, лојалноста и докажаноста, па можеби ќе понудат повеќе пари.

Како и да е, GM смета дека Opel/Vauxhall веќе не им се потребни, пошто го имаат Chevrolet на Европскиот пазар, кој успева да се докаже се повеќе и повеќе (во Франкфурт би требало да претстават Малибу за европски/светски пазар), и да го напраи тоа со доста пониски цени. Можат комотно да го продадат GM Europe, да си ги скратат (драстично) трошоците, а со парите од продажбата да инвестираат во развој на нови платформи и модели.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #6 на: 31 Август 2011, 00:43:43 am »
Оваа 2012 година, на самеот во Женева Opel го представи новиот модел на Astra Chery.....куку Џиџи шо те најде!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #7 на: 31 Август 2011, 00:47:15 am »
ПУ, ПУ - СКРАЈА ДА Е !!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #8 на: 31 Август 2011, 00:53:23 am »
а со парите од продажбата да инвестираат во развој на нови платформи и модели.
А што мислите зошто Опел оди во загуба? Токму поради големите трошоци за нови платформи и модели од кои има корист цел ГМ. Ќе го прашам утре шевролет што ќе прави без Опел/Воксал, ќе се покака ко Хундаи без Мицубиши

Присутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #9 на: 31 Август 2011, 00:59:38 am »
Ако више се продава нека ги продадат на VW па шо биде нека биде...барем на кинезиве да не ги дадат. Ама гледам GM тешко се откажуваат од Opel, ќе им фали брендот :P

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #10 на: 31 Август 2011, 01:04:36 am »
Јас мислам дека се само гласини за да порасне цената на акциите на Опел. Не верувам дека ГМ ќе ги продаде.

Знаете акко може да испадне муабетов? Како со македонскиот министер:
Министре, дали е точно тоа дека сме им продале 1.000.000 компјутери на јапонците?
Па да, точно е само што не беа компјутери туку беа тегли ајвар ,и не беа 1.000.000 туку беа 1.000 и не беа на јапонците туку на Венецуелците и не ги продадовме туку ни ги вратија....

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8959
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #11 на: 31 Август 2011, 08:00:46 am »
Amerite se ludi, tie gledaat samo hartija, edna godina zaguba druga treta i ajt zatvaraj nepraime pari tuka.... samo na koj ke go dadat...

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #12 на: 31 Август 2011, 09:32:50 am »
Opel/Vauxhall прави загуби веќе многу долго време. Не знам кога последен пат покажале профит.

@Falanga: На Hyundai не му фали ама баш ништо без Митсубиши..

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #13 на: 31 Август 2011, 09:58:04 am »
Ако го продадат Опел на Кинезите, тогаш германската авто-индустрија ќе си има сериозни проблеми за 10 год (додека се развијат Кинезите), така да јас лично не верувам дека ќе го продадат на Кинезите, зошто во тој случај ќе имаат сериозен скок во автомобилската технологија ....

Слична работа се случуваше во `70 и `80 со брзиот растеж на Јапонската економија ... една американска компанија RCA ја продаде лиценцата за производство на колор телевизори на Sony и Matsushita, гледајќи само на парите што ги доби. Денес, компанијата скоро и да не постои, зошто си создаде директен конкурент.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ноќната мора продолжува: Опел повторно се продава?
« Одговори #14 на: 31 Август 2011, 09:59:20 am »
Amerite se ludi, tie gledaat samo hartija, edna godina zaguba druga treta i ajt zatvaraj nepraime pari tuka.... samo na koj ke go dadat...

Fiat сакаше да ги оправи ама превише се искомплексираа кобасичарите.