Gi povikuvam site onie koi znaat nekoi "fintici" na svoite koli, da gi spodelat znaenjata i iskustvata so drugite. Jas vozam Opel, pa eve "malku" pomos za Opelasi
:
1. За детален преглед на температурата на течноста за ладење, напонот на алтернаторот, приказ на дигитална километража, моментална потрошувачка во мили литри и тн.: Притиснете го копчето Settings и држете го 10 сек. додека чуете звучен сигнал (Бип), а потоа со копчето BC „прошетајте“ до баранати информации кои ви ги нуди скриеното мени.
2. Доколку го менувате акумулаторот или од некоја причина ви се испразнил, автоматското отварање и затварање на прозорците нема да ви функционира. За да повторно ги испрограмирате истите да работат автоматски, потребно е да мануелно да го притиснете копчето за отворање на прозорецот и кога ќе се спушти најдоле-чекате 10 сек., па го држите за нагоре (затворање) и исто на крајот го држите 10 сек.
3. Ако сакате прозорците да ги контролирате преку вашиот далечински управувач, тогаш при излегување од колата-првото притискање ви е за заклучување на вратите, но ако продолжите да го држите копчето притиснато - прозорците ако ви останале отворени се затвораат се додека го држите копчето притиснато и обратно (ако ви се затворени, држете го копчето за отклучување на вратите се додека не ви се отворат прозорците до саканата положба).
4. За уклучување на Follow me Home, потребно е да кога ќе завршите со возењето, го извадите клучот од бравата, ја отворите вратата и аблендирате - функцијата рабори 30 сек., сосема доволно да се снајдете во темната гаража или сл.
5. За исклучување на ESP, држете го копчето Sport (доколку имате нормално) се додека не се упали контролната сијаличка за ESP на контролната табла.
6. За активирање на опцијата - автоматско заклучување на вратите преку 7,5 km/h, потребно е да го притиснете копчето за заклучување на вратите од внатре се додека не чуете Бип сигнал (не функционира кај сите модели).
7. Програмирање на временскиот интервал на брисачите: рачката за активирање на брисачите се притиска надоле како да сакаме само еднаш да ни ја избрише шофершајбната, но можеме да избереме од 2 - 15 сек. и повторно рачно да ја притиснеме („вратиме“) рачката нагоре.
8. Ако сакаме да го ставиме радиото на Mute, потребно е да го притиснеме и држимр притиснат потенциометарот за јачина на звукот (кој воедно е и прекинувач ON/Off на радиото) за unmute повторно притиснете
9. За активирање на паркинг светла (лево или десно), потребно е да го угасите автомобилот и со помош на жмигавците (лево или десно) да одредите кое светло ќе ви остане запалено. Се држи рачката од жмигавецот се додека не се слушне три пати Бип. (Може да не функционира кај сите возила)
10. Ако ја менувате батеријата на далечинскиот управувач (за централната брава), за да го програмирате повторно, потребно е да го ставите клучот за стартување на возилото во бравата и да го притиснете дугмето за заклучување на вратите (на далечинското).
11. Ако двапати ја заклучите врата со далечинското (или со клуч - заклучите, го вратите клучот и повторно заклучите), тогаш вратите не можат да се отворат од внатре (не важи за сите возила)
12. На исклучено ауто, притиснете ги до крај педалите за гас и кочница и завртете го клучот за стратување на возилото на позиција 2 - на дисплејот за километража ќе ви се појави кодот на грешките кои ги имате во моментот (доколку има грешка, секако) према приоритетот.
13. Кога ќе ни се појави пораката за сервисен интервал (кој многу често во сервисите „забораваат“ да го ресетираат), за да ја ресетирате самите (да не ве нервира пред секое стартување) - притиснете го копчето за ресетирање на парцијалната километража (trip button) и задржете, завртете го клучот за стартување на позиција 2 и продолжете да го држите притиснато се додека не се ресетира. Е сега повторно уживајте во возењето, нормално ако претходно навистина сте го сервисирале возилото
6. Наводно, при нагло притискање на кочницата при брзини поголеми од 100 km/h се палат четирите жмигавци
14. За да ви се овозможи опцијата вклучување на темпомат, претходно морате бар еднаш да ја имате притиснато кочницата
15. Доколку сте ја отклучиле колата, а при тоа не сте ја отвориле возачката врата во рок од 5 мин., автоматски повторно колата се заклучува.
16. Ако тргнете со возилото, а при тоа ви е подигната рачната кочница, возилото звучно ќе ве предупреди.
...
Ajde kolegi, povelete - dopolnete ...