Кога би бирал со разум дефинитивно Голфот, не дека посебно го обожавам, дури порано ме нервираше, ама откако возев 5 ка во неколку наврати на 100+ км релации, сам на себе си признав дека колата е одлична и подобра од многу други што ги имама возено.
Во Фиат не би отишол ни да ја разгледам колата.А и Меганот би го рипнал, можеби би поминал по првомајска ама незнам дали ке застанам во салонот.Често го возам новиот Меган Купе 1,4 ТЦЕ, во последно време бидејќи има годишен зелен картон,дури почесто и од Вектрата го возам, ама многу е тесен и низок бе.Не ми е комотно во него.
Ама...
Совеста што ми е низ дома (читај татко ми), а неговто мислење и тоа како ми е битно(на времето службено со кола, Европа ја вртеше уздуши попреку),ќе рече ај да идеме до Опел да разгледаме уште еднаш. И таму и ќе ги оставам парите,ЗНАМ.
Неколку Опели поминале кај мене, што како лична сопственост што како службени возила, некој биле и многу критикувани по списанија како сега што е случајот со тежината на Астрата ама... јас и тие околу мене сме ги читале и сме се смееле на глупостите по списанијата.
Иако Голфот е подобра кола од Астрата,срцето вика друго, јебига, еднаш се живее, на крај сепак би се одлучил за Астра.