Се троумев меѓу Леонов, Фокусот и Меганот, ама сепак за Леонот, пресудно беше тоа што ми е најубав на фаца а и внатре е доста солиден (според мене) не ми игра многу улога тоа што е шест и пол години стар, што има тврда (ефтина) пластика, баш напротив ми се свигја распоредот во внатрешноста, а посебно инструмент таблата. Го имам провозено со 1.4 85 кс мислам дека беше, не очекував толку од 85 кс (во позитивна смисла) седиштата беа феноменални супер држење доволно место назад.
Фокусот ми беше во првите три пред се поради моторов вака на хартија што ги гледав прерформансиве, во живо не го имам видено, внатрешноста ми е супер, ептем ми се свиѓат, а од надвор така така не е лош, ама можеле многу подобро да го изработат.
Меганот исто ми е доста симпатичен, не знам зошто ни јас..., го имам слушнато дизелот како работи ептем тивок и внатре има солидна изработка.
Голфот колку и да е добар го имам замразено ептем не знам зошто...
Бравото ми беше ептем убаво кога излезе сега некако досадно ми стана и плус со цениве некако, НЕ.
Астрата исто како Бравото за изгледот, се имам во Астра повозено ама 1.4 бензинец убава вожна ссупер амортизација,е сеа не знам како се со цени во последно.
А Пежото и Цитроенот.....НЕ.
Ова е мое размислување, само Леонот го имам провозено од сите и тоа основниот 1.4 85кс, и можите да забележите според пишаното дека пресудно за мене е изгледот на колата: внатре, надвор.