Автор Тема: Поминати километри  (Прочитано 3922 пати)

Отсутен Gryffindor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Поминати километри
« на: 01 Јуни 2014, 13:34:32 pm »
Здраво на сите. Ова ми е прв пост и прва тема и се надевам ќе си поминам убаво на овој форум во иднина  :)

Вака сега, имам една мака, всушност не е мака туку грижа, а можеби и непотребна.
Пред недела дена купив Фиат Стило 1.9 JTD common rail, произведено 2003, донесено од Италија. Од опрема поседува многу работи, осум воздушни перничиња, клима, темпомат, централна брава, електрика на стакла, електрика на ретровизори и уште многу други работи...
Јас сум презадоволен, одлично забрзување, моторот спие на пат, мирно работи без никакво тресење, нема никакво влечење на лево или десно, никаква луфта, патосот нема гнило..значи одлично е. Ентериерот исто така супер, никакви гребаници, навлаките безс оштетувања. Сега си сменив уље, филтер за воздух, филтер за клима, сега остана да сменам ребраст и затегачи.
Е сега..  :)кога бев да ми вградат далечинско побарав и да ми ги кажат точните поминати километри, човекот приклучи на компјутер и виде дека има поминато 285 000 км.
Не знам дали има потреба да се секирам за оваа километража, земајќи во предвид дека колата е одржувана и е во одлична состојба.
Впечатокот за оваа кола ми е одличен и не сакам поради оваа километража да ми се уништи и плус ми е прва ваква понова кола, јас сум 23 години, пред година ипол си ја купив првата кола Застава 101 многу зачуван, се научив, стекнав малце возачко искуство..и сега малце на поново...
па луѓе, имам ли потреба за грижа?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Поминати километри
« Одговори #1 на: 01 Јуни 2014, 13:39:27 pm »
Колку имаш на тахо км?Нема некоја лепенка на столбовите,кај моторот да видиш кога е последниот сервис и на колку км извршен?Незнам дали Стилото ги памти оригиналните км,али на крај краева ако се е ок,немаш место за грижа,ке си го возиш и одржуваш како што треба и ке го возиш уште долго,тие мотори вртат многу км.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5621
Одг: Поминати километри
« Одговори #2 на: 01 Јуни 2014, 13:39:42 pm »
Jok

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Поминати километри
« Одговори #3 на: 01 Јуни 2014, 13:41:48 pm »
Сакаш да кажеш дека не си знаел колку км има поминато кога си ја купувал или?

285.000км е прилилно многу. Е сега дами е моторот многу амортизиран или пак умерено зависи како бил возен, на какви релации, како бил одржуван и со колку квалитетни делови бил одржуван.

На пример, ако е редовно ссервисиран со квалитетни делови и масло, при тоа возен на отворен пат тогаш 285к и не е така многу. Во обратен случај таа километража е прилично голема. Всушност многу возила и не доживуваат толку голема километража.

Ако моторот си работи убаво, одржувај си го квалитетно и би требало да тера докај 400.000 км без сериозни проблеми. Единствено би можеле да откажат дизни од неквалитетна нафта и турбото. Трошокот за сервисирање на таквите дефекти е многу голем.

Јас не би се секирал премногу освен ако сум го купил по многу висока цена.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43561
  • Il Moderatore
Одг: Поминати километри
« Одговори #4 на: 01 Јуни 2014, 13:50:29 pm »
Pojdi vo autosk, ke vidat kogq vlegla zadnji put u ovlasten servis i kolku km imala kolata togash.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Gryffindor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Поминати километри
« Одговори #5 на: 01 Јуни 2014, 13:56:43 pm »
Кај километражата пишува дека е поминато 160 илјади и нешто ситно..нормално враќана е, на кој автомобил не е, но ми беше чудно да е 285 илјади, зошто навистина нема да и дадеш толку на колата. Кога ќе седнеш, кога ќе ја запалиш и убрзувањето, возењето воошто личи како да нема ни 100 илјади поминато, не делува на извозено. Моторот не дува, значи работи фантастично. Сега ќе видам дали троши уље, му го сменив пред неколку дена, ќе проверувам редовно дали троши.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Поминати километри
« Одговори #6 на: 01 Јуни 2014, 14:50:36 pm »
Што масло му стави? Според ова што го кажуваш ќе да е возена на отворено...

Отсутен Gryffindor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Поминати километри
« Одговори #7 на: 01 Јуни 2014, 15:03:01 pm »
Му ставив Selenia 10w 40.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Поминати километри
« Одговори #8 на: 01 Јуни 2014, 15:38:36 pm »
Од кај го зема стилото ? Увезувано е ?

Отсутен Gryffindor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Поминати километри
« Одговори #9 на: 01 Јуни 2014, 15:39:47 pm »
Од Италија е донесено на 13 Мај, а јас го зедов од плац од Крива Паланка.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Поминати километри
« Одговори #10 на: 01 Јуни 2014, 15:41:36 pm »
Плац + Крива Паланка + Италија... Биди среќен што нема изминато 400.000 :)

Отсутен Gryffindor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Поминати километри
« Одговори #11 на: 01 Јуни 2014, 15:52:41 pm »
Плац + Крива Паланка + Италија... Биди среќен што нема изминато 400.000 :)

Шо фали бе на Крива Паланка :) :)
Не искрено јас сум презадоволен од колата, не се познава дека има толку поминато, многу зависи од тоа како е чувана и како е возена.
Мој близок си купи порано на ново Дачиа Супернова, си ја возеше и направи над 300 илјади, ја продаде, а после пак ја прекупи :) али такви беа околностите, колата беше како недопрена, а имаше над 350 илјади, иако нели беше вратена на 150 илјади, али беше многу чувана..

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4163
Одг: Поминати километри
« Одговори #12 на: 01 Јуни 2014, 16:43:44 pm »
вози си го дур вози,прави му редовни сервиси и свиркај си.со самото купување на половна кола аутоматски треба да се биде спремен на дефекти,поправки,замена на делови,некои скапи некои ефтини,али тоа е.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Поминати километри
« Одговори #13 на: 01 Јуни 2014, 18:38:37 pm »
Да не го зеде од бетони- К. Паланка? Ќе те служи, ако се навистина 285.000. Собери си парички за турбинче, дизни и ДМФ.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Поминати километри
« Одговори #14 на: 01 Јуни 2014, 20:51:09 pm »
Дизни кај јтд не рикаат така лесно. ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D