Djidji, здраво! Me again..
Не сум многу активен со постирање на форумов (ветувам дека тоа ќе се смени), но го читам редовно. Твоите постови ми се омилени..
Имам неколку прашања - пошто возиме ист мотор, а по постовите ми остави дојам дека си повеќе од компетентен, и заедно со помош од marsher, да се образувам малку.
1. Околу маслото: што не беше во ред со ЛМ? Зошто го смени? ЛМ на нивната веб-страна препорачува за мојот мотор TopTec 4600 5W-30 или Leichtlauf High Tec 5W-40. Ти, ако не се лажам, користеше поинакво. Дали има некоја битна разлика? Колку литри масло сипаш во моторот (во Олимпиа Моторс, при сервис, мене ми сипаа рамно 4л = 1 кантичка ГМ)..?
По редовно читање на твоите постови, и по твоја индиректна сугестија, Ликви Моли маслата ги ставив на ниво на божество. Не ми паѓаше напамет да ставам друго масло кога ќе дојде време за сервис, а сега ти вака ми направи, го смени за Мобил 1..?
Дури и брат ми го убедив, во неговата кола стави LM Superleichtlauf 10W-40. Сега за сега е се супер кај него.
2. Свеќиците - на колку километри/години се менуваат редовно? Оригиналните се Bosch, ти имаше NGK, сега гледам ќе ги менуваш. Не си задоволен од NGK? Имаше некои проблеми?
3. Антифризот - гледам G12 се менувал на 5 години. Мојата е 2008ма. Што би се случило ако не го сменам антифризот, да речеме по 5 години? Може ли да има сериозни последици од тоа?
И после се, заклучив дека ти си еден вид перфекционист, и пробуваш се, додека не биде се совршено. Така е, или се лажам..?