Автор Тема: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback  (Прочитано 30786 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« на: 24 Мај 2014, 09:36:03 am »
Eте ја, е нема алуминиумски бандажи:





Ете го и пукнатото, 10 години оригинал, и јас успеав после 40km да ја пукнам.
Читав дека можело и да се залепи во Едел и Новус Скопје, само горниот слој е пукнат,
стаклениот претпоставувам, ама пошто е долга пукнатината, и кој слој го лепат не знам.





Посериозното оштетување на каросеријата, некако сами не се враќаат појасите.

« Последно менување: 26 Мај 2014, 09:27:34 am Power to the people »

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Renault Megane II 1.5/1.9 dCi - 2003/4/5
« Одговори #1 на: 24 Мај 2014, 09:51:47 am »
Честито, сервис прави му на 10.000 не на 15.000 ако нејќеш да имаш проблеми и турај му квалитетно масло ЕЛФ.

Отсутен banjifiko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Renault Megane II 1.5/1.9 dCi - 2003/4/5
« Одговори #2 на: 24 Мај 2014, 13:54:57 pm »
Со здравје да си ја возиш, и добредојде во клубот на сопственици на француски возила. Сега главно мото ќе ти биде: Без болка, нема Ренолка :-). Шега на страна, стави и некоја слика од внатре.
Погоре си пишал дека сервисот го чинел 100 евра. Ако е сменето само тоа што е на картончето, тогаш е многу. Јас менував скоро (додуше на бензинец, значи еден филтер помалку) масло и тоа Evolution 5w40, и ме фати 3500 ден.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Megane II 1.5/1.9 dCi - 2003/4/5
« Одговори #3 на: 24 Мај 2014, 14:20:39 pm »
Создравје да си ја возиш,и ја како и другите ќе кажам,редовен сервис,редовна промена на потрошни материјали,редовна проверка на подвозје,почесто некое адитивче,не му запнувај на моторот како слеп за стап и ќе те служи без проблем  :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Renault Megane II 1.5/1.9 dCi - 2003/4/5
« Одговори #4 на: 24 Мај 2014, 14:22:53 pm »
Само филтерот за нафта е околу 2500 денари..

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Megane II 1.5/1.9 dCi - 2003/4/5
« Одговори #5 на: 24 Мај 2014, 14:27:05 pm »
Филтерот за нафта е од 1100 до 1400 ден макс.Кај го најде бузуки за 2500 стварно незнам.1.5 дци 82 е релативно ефтин мотор за одржување за разлика од другиве понови дизелаши!

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Renault Megane II 1.5/1.9 dCi - 2003/4/5
« Одговори #6 на: 24 Мај 2014, 14:31:35 pm »
незнам.. Ваков е..


Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Megane II 1.5/1.9 dCi - 2003/4/5
« Одговори #7 на: 24 Мај 2014, 14:35:53 pm »
Е таков де!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault Megane II 1.5/1.9 dCi - 2003/4/5
« Одговори #8 на: 24 Мај 2014, 15:18:23 pm »
Само филтерот за нафта е околу 2500 денари..
Да,за Сканија 400-ка.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен livetores

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Renault Megane II 1.5/1.9 dCi - 2003/4/5
« Одговори #9 на: 24 Мај 2014, 19:40:45 pm »
za motorot nikoj ne kaza dali 1.5 ili 1.9 se podobri? ako moze nekoe objasnuvanje

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault Megane II 1.5/1.9 dCi - 2003/4/5
« Одговори #10 на: 24 Мај 2014, 19:44:19 pm »
И едниот и другиот се ок,возат по доста км со редовно и правилно одржување.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен banjifiko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Renault Megane II 1.5/1.9 dCi - 2003/4/5
« Одговори #11 на: 24 Мај 2014, 20:56:12 pm »
Имам познаник кој имаше предходно 1.5 (82 к.с.) и беше мнооогу задоволен и со одржување и со потрошувачка. Сега скоро зема понов модел караван со 1.9 мотор, и после неполна година возење, ми има кажано дека му е криво за старата кола. Претпоставувам дека му падна тешко што менуваше ламела со замаец, ако не се лажам плати околу 500 и нешто ситно евра.

На еден друг форум го најдов овој цитат:
Автомобилски мотори на Рено што немаат варијабилен замаец (имаат ламела со федери за апсорбирање на торзиони вибрации)
Бензински мотори - 1.2, 1.2 16v, 1.4, 1.4 16v, 1.6, 1.6 16v, 1.8, 1.8 16v, 2.0, 2.0 16v.
Дизел мотори - 1.5 dCi со сила до 101 KS (5 степен менувач,), 1.9 d, 1.9 dT, 1.9 dTi, 1.9 dCi со 100 KS i 5 брзини (во некои ретки случаи и  1.9 dCi со 100 KS i 5 bрзини има варијабилен замаец, но треба да се види по број на шасија)
Сите други мотори се "облагородени" со DMF.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5/1.9 dCi - 2003/4/5
« Одговори #12 на: 26 Мај 2014, 09:24:56 am »
Фала на сите, а за слики од внатре ќе ставам дома кога ќе си одам, блокирани се многу работи од интернетов на работа.

Читав во некоја тема за адитиви што ставате колку ставате, ќе ја прелистам пак оти јас си мислев како бензинот е тури вози.
Не знаев дека нафтата адитиви сакала.

А за на сервис сеуште ја немам однесено, некако многу трошоци ми се собраа, да гледам уште 2 недели да истуркам.
6-ти петок Духовден ако дадат плата што не ми се верува, и ќе гледам понеделник на 9-ти да ја однесам и да му
сменам тоа што му фали и ребраст. Утре одам Прилеп да ги одјавам таблиците, и да си ја префрлам на мене ако стигнам.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #13 на: 15 Август 2015, 14:29:11 pm »
Апдејт малку

Од кога е земена, што трошоци:

- 8.000ден - шофершајбна Olympia
- 900ден - штрафови за тркала порачани од амазон (Febi 2x М12 х1.5, 1хМ14 х1.5, 19-ки) и 1 од дебојо
- 2.700ден - масло Evolution SXR 5W-40 5L, филтер Muller, работна рака
- 22.000ден - голем сервис (сет ребраст Gates, пк каиш, пумпа за вода, елф антифриз, спони х2, чаури на заден трап, плочки назад, пиксна волан, работна рака)
- 11.500ден - регистрација
- 15.800ден - зимски гуми Continental TS850 x4
- 2.400ден - брава централно назад лево (половна, старата почна звук како да шлајфова да вади)
- 270ден - сијалица Osram H7 х1 (обична)
- 600ден - промена на зимски во летни (треба бандаши да си земам)
- 3.690ден - зелен картон
- 1.800ден - клима, полнење и замена на вентил
- 2.200ден - филтер за нафта, работна рака
- 1.450ден - воздушен филтер, филтер за полен/вентилација

Вкупно - 73.310ден (1 година и 3 месеци)

Гориво и потрошувачка - 31.600ден - 535.1L - 11.297km - 4.73L/100km
Тоа што е сервисирано се е правено во Ред Ауто - Битола, и водвор кај мене.

Моментално е на 185500km(ако се тие), а еве и некоја слика:





сестра ми почна да ја вози и еве, камена ограда вс лев заден браник, 1:0 камена ограда


појма немам ова од каде е, ама чим не знам најверојатно не е од мене, не е толку страшно колку што изгледа на сликата со едно полирање ќе се покрие си велам


повторно сестра ми, дрво вс десна задна страна, рачката го апсорбира поголемиот дел од ударот,
ама се гледа дека на колата и треба едно убо полирање и пластидип на рачките


сега сменат филтер за полен, ко карбонски и да бил претходниот ама на изглед само,
овој новиот го немаме пробано сеуште, ама за 850ден ако не друго барем прашина нема да влегва


бајѓи работа имало овој филтеро дури да се намести


воздушниот филтер, пред потоа


И така, шо знам шо да кажам друго, за гумите ми фали една боја за чевли, центрирање на предница оти ми свират гумите на мазен асфалт а право терам, и пожелно е едно полирање, восоцирање ама никако да одвојам средства за тоа...
« Последно менување: 20 Август 2015, 16:31:25 pm Power to the people »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #14 на: 16 Октомври 2015, 10:00:55 am »
Филтерот за полен е малку така заебано да се намести. Незнам тебе колку време ти требаше ама ако го следиш како дечково на видеово го смени тогаш не би требало да одземе многу време. Нареден пат веќе ќе бидеш уште побрз.