Де бре, ги исплукавте полицајциве а само една страна од случајов е презентиран тука.. Не да ги бранам, ама дечкото напомена кратка расправија со нив. Значи:
1. Застанал и блокирал цела лента за да си извади пари од банкомат (извини, ама за мене е тоа мн идиотски и себично спрема општеството), као да мене ме интересира дека типот ќе вадел пари па ајде јас ќе каснам на работа. Ја би ти опнал одма 300-500 евра да ти дојде памет за др пат. Потроши 10 мин од животот и паркирај се прописно и гледај да не сметаш на други. Што ќе биде ако сите ние блокираме лента за да вадиме пари од банкомат, купуваме цигари и.т.н..
2. Се расправа со полицајциве. Од кај сите вие знаете што им кажал на полицајците? Може им се заканувал он прво, може им пцуел ќерки, мајки па нормално никој нема да трпи. У случајов бидејќи членов го казниле еднаш, голема е шансата да почнал да ги напаѓа вербално.
Јас лично, сум направил прекршок, се имам извинето и сум поминал полесно и као олеснување ми пишале казна што е помала од прекршокот.
Да бидеме реални, ако човек се понаша културно и покаже чуство на каење за прекршокот, сигурен сум дека нема да заврши со закани од полиција.