Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1874860 пати)


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8152
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8146 на: 06 Октомври 2017, 10:33:16 am »
Не. А сакам да знам дали е тој еден што ми се испонаша еднаш мене.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2208
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8147 на: 06 Октомври 2017, 13:11:20 pm »
Ќе го дознаеме кој е,не е големо Кавадарци.
Пред пензија бил и потеклото му било од Прилеп,разведен.Вечер ќе знам кој е точно.

Инаку пред 1 години имав закани од еден инспектор за ред и мир, сега веќе разрешен и се надевам за 10 дена ќе го осудат затвор од мин.2години.

И тоа ниту се знаев лично со него,ниту имав било каков проблем со редот и мирот.Туку пуста љубомора на моја пријателка,и го хакнал фб и бидејќи сум пишувал со неа.Ми го дознал бројот,улица број до матичен и на вибер ми пишуваше(закануваше).
Инаку пријателка ми на два пати тепана од него ,два пати скршен нос,скршени ребра и скршен прст,обид за силување а може и силување,не знам точно.Веќе цела година се влече судењето и сега на 13 овој месец е судењето.Страшен притисок врз неа цела година.
« Последно менување: 06 Октомври 2017, 13:31:46 pm AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8152
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8148 на: 06 Октомври 2017, 14:28:55 pm »
Пиши ако дознаеш кој е.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2208
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8149 на: 06 Октомври 2017, 14:46:05 pm »
Имаш ПП со име и презиме,инфото треба да е веродостојно.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20133
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8150 на: 06 Октомври 2017, 15:01:17 pm »
Зошто криете вакви дебили?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5057
  • The Spartan General
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8151 на: 06 Октомври 2017, 15:06:33 pm »
Затоа што откривање идентитет на некој е нарушување на приватност. Мислам дека во Македонија нема јавно-достапна листа на сексуални насилници.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4006
  • MadaFunker
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8152 на: 06 Октомври 2017, 23:02:26 pm »
Има за педофили мислам
New blood of old school

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2778
  • Слобода или смрт
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8153 на: 08 Октомври 2017, 11:32:35 am »
"ЖИВОТОТ" планираше да ја укине/ја укина.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5057
  • The Spartan General
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8154 на: 08 Октомври 2017, 15:46:51 pm »
"ЖИВОТОТ" планираше да ја укине/ја укина.
Најчесто зборуваш како да припаѓаш на таа листа што “животот“ сака да ја укине.

ps. Може да си имаш какво сакаш лично мислење, ама не мора да бидеш агресивен во искажувањето.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Ichisima

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 169
  • Ербап
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8155 на: 09 Октомври 2017, 19:39:35 pm »
Де бре, ги исплукавте полицајциве а само една страна од случајов е презентиран тука.. Не да ги бранам, ама дечкото напомена кратка расправија со нив. Значи:

1. Застанал и блокирал цела лента за да си извади пари од банкомат (извини, ама за мене е тоа мн идиотски и себично спрема општеството), као да мене ме интересира дека типот ќе вадел пари па ајде јас ќе каснам на работа. Ја би ти опнал одма 300-500 евра да ти дојде памет за др пат. Потроши 10 мин од животот и паркирај се прописно и гледај да не сметаш на други. Што ќе биде ако сите ние блокираме лента за да вадиме пари од банкомат, купуваме цигари и.т.н..

2. Се расправа со полицајциве. Од кај сите вие знаете што им кажал на полицајците? Може им се заканувал он прво, може им пцуел ќерки, мајки па нормално никој нема да трпи. У случајов бидејќи членов го казниле еднаш, голема е шансата да почнал да ги напаѓа вербално.

Јас лично, сум направил прекршок, се имам извинето и сум поминал полесно и као олеснување ми пишале казна што е помала од прекршокот.
Да бидеме реални, ако човек се понаша културно и покаже чуство на каење за прекршокот, сигурен сум дека нема да заврши со закани од полиција.


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8156 на: 09 Октомври 2017, 22:51:43 pm »
Секогаш прво се настапува најкултурно со џандари.
8 од 10 пати успева.

2 од 10 им зимаш Ти број на возило и податоци.

;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17562
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8157 на: 10 Октомври 2017, 00:28:08 am »
Секогаш прво се настапува најкултурно со џандари.
8 од 10 пати успева.

2 од 10 им зимаш Ти број на возило и податоци.

;D

Вака има повеќе смисла. Ако не се тие културни, си имаш и ти свои права.

Јас спасив другарка што ми ја возеше колата (а нема положено) од 300 евра казна со културен пристап и некурчење, иако и-те-како имам кај да се јавам и со кој да се курчам (иако никад нема да ги користам џокерите, зошто од мој заеб треба да се вадам сам, или да ги сносам последиците ако сум неспособен да се извадам).

Ги земаа документите и отидоа во кола, ги немаше 3-4 минути и излегов по нив. Пристапив со културно „извинете што ви се мешам во работата, дали може да ми кажете што ќе се случува?“. Ми објаснија дека запишуваат податоци и ми покажаа некој лист. „Казна ќе се пишува, така?“ Ми објаснија дека прекршокот е стварно за казна, и си прашав „на која основица?“, ми објаснија и тоа. Им се заблагодарив, и само што тргнав да си одам во кола, ми подвикна едниот и ми праша чив сум и кај живеам, и откако му објаснив ми рече „Те глеам културно дете си, а и да не и расипуваме на другарката возачка кариера, запишавме информации за евиденција, ама памет за друг пат. Продолжете сега.“ Им се заблагодарив за прогледувањето низ прсти, им посакав пријатна вечер, фатив патот и еве поради културниот однос (и спремноста дури и да се пишува казна да прифатиме дека сме виновни - зошто стварно сме) ја спасив другарката од казна и можна забрана за полагање.

А да се курчев, и да им кењав „знаеш ја чив сум и кого знам во полиција“, ќе ми пишеа и мене нешто за да се осветат за односот.

Поента на приказната: ако паркираш на лента и попречуваш сообраќај, пристапи културно, ако решиле да пишат казна прашај ги дали може да пишат нешто помало што се покрива со поени, И НЕ СЕ РАСПРАВАЈ. Зошто ќе завршиш како јарето од приказната „ем шуто, ем боде“.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10488
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8158 на: 10 Октомври 2017, 01:35:22 am »
Секогаш прво се настапува најкултурно со џандари.
8 од 10 пати успева.

2 од 10 им зимаш Ти број на возило и податоци.

;D
И што ќе пра со бројот на возилото о податоците...?...

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8159 на: 10 Октомври 2017, 09:29:40 am »
Се јавуваш на соодветни луѓе и милицајчето за неколку минути ќе добие телефонски позив од станица.
Секако, ова во екстремни случаи.....
За ситни казни за светла, појас, не носење документи и слично не вреди да се правиш клошар.