Кога веќе дискутираме за возач-почетник и тоа ограничувањето... хмммм... закон како закон, тоа е.... секако, препишуваме од земји на ЕУ, ама никако не ги прилагодуваме законите на нашиот менталитет, и специфичноста на Македонија и Македонците.
Ова го зборувам општо за законите, не конкретно за ЗБСП.
Штом е закон, мора да се почитува... во спротивно следи санкција. Тоа е...
Возам со дозвола 20 години. Пред тоа малце така, без дозвола

Интересно е што до мои 22-23 години возраст возев коли појаки од тие кои ги возам сега. На некој начин апсурдно. Toгаш возев Алфа 75 со 110 коња, еден мал период, па БМВ е21 1.8 околу 100 коња беше...
Има разлика и во стил на возење, во брзина трпеливост, ако се погледнам каков возач сум бил тогаш, каков сум сега.
Сега со каква и да е кола не би направил некои работи кои сум ги правел тогаш

Не навлегувам во оправданоста на тие ограничувања. Немам некое мислење околу тоа.
Единствено, поддржувам ептен високи, да не кажам драконски казни за возење под дејство на алкохол.