Прво на Мечето: ако си испил повеќе отколку шо требало и не се осеќаш пијан, в болница сигурно ќе покаже вистински, т.е. може да со над 0,05 и без да си свесен.
Субјективната перцепција колку си пијан е различна од човек до човек.
Инаку, да речеме, метаболизирањето на алкохол е побрзо кај мажи отколку кај жени, затоашто мажите имаме повисок титар на еден ензим во ѕидот на желудникот, кој уште пред да премине во крв, го метаболизира алкоголот. Едноставно речено - две ракки кај машко ќе покажат помалку алкохол во крв отколку кај женско.
Постојат и индивидуални разлики - секој има другар кој се праи дрво од една и другар кој може да испие литар без да покаже симптоми на пијанство. Тоа е генетика.
Храната игра, не голема, но понекогаш доволна улога во нивоата на алкохол во крв и здив, а понекогаш, одредена храна или лекови или супстанци може да го забрзаат метаболизмот на алкохолот.
Масата на човек, исто така, процент на мас о ткиво, број на срцеви отчукувања..... Има варијабли колку сакаш, т.е. колку луѓе - толку ситуации.... Знам дка не е прецизен одговоров, ама попрецизен, само во case study....