Зошто не стават камери? Да нема врски, да нема глупости, да нема ништо. Ако пречекориш, плаќаш.
Да речеме во Бугарија камерите на автопатите и магистралните патишта сликаат само ако возиш +25/+30 над дозволената брзина.
Инаку минатиот викенд бев во Македонија. Четири пати ме сопре полиција во три дена. 3 пати бев испрашуван како криминалец, без ниеден да се претстави кој е и што е, и без да каже зошто ме запрел.
Првиот пат беше оправдан затоа што беше петок вечер во 11:00, ме прашаа дали имам пиено нешто, и беа коректни. Реков не, се враќам од пат, и не ме натераа да дувам.
Ама наредните три пати беа Пази Боже. Мислиш, Господ за брадата го фатиле. Па кога двајцата абдали наеднаш поставуваат прашања, да не знаеш на кој попрво да му одговориш. Еден едно те прашува, друг сосема друго, и додека зборуваш на првиот, вториот поставува дополнителни прашања. Едниот вика дигни хауба, другиот отвори гепек наеднаш...
Секогаш возам по знаци низ град, +10/15 над дозволено надвор. Немам никаква казна досега, нит во МК, нит по светот.