Претходниот месец отидов да ја регистрирам колата во првата сабота од месецот, за да не губам ден од работа иако регистрацијата ми важеше до 28-ми.
Одам си поминувам на технички, си плаќам се уредно во пошта и со сите документи одам во полиција.
Во полиција едно девојче си се слика за возачка и влегувам јас за да ми удрат печат и потпис, вработената ми вика " дечко не работи тоа во сабота... ".
И си викам сеа овие работат или не работат, пола полиција работи, пола не???
ОК, пошто рег. ми важеше уште цел месец не се изнервирав многу али морам да си признам дека се разочарав малку пред да ми текне тој факт

После 2 недели ги пратив документите и татко ми ги однесе до полицијата.
После некој ден гледав како да ја извадам старата налепница најлесно и ми текна дека јас уствари не видов никаде нова налепница.
Дали не му дале на татко ми или тој ја изгубил или јас, битно налепница нема.
Оди татко ми да бара нова налепница, му викаат дека не може да се издаде нова налепница, се издавало само со регистрација...
Малку ми е сомнително ова па сакам да проверам, ваљда не сум едниствениот што изгубил налепница.
Барав по закони, не најдов за загубена налепница.
Ако некој знае нешто, бујрум...