Абе не е баш глупо тоа со светлата... некој попаметен од нас го мислел и смислил дека така треба да биде. И во пракса, на ретровизор прво се приметува светла дека има за тебе, па тек откако ќе поддоближи приметуваш дека има кола зад тебе. (Правам муабет за денски, на отворено)
Законот за невозење после 11 е малку чуден (невозење на автопат, ограничување на снага), ама е наменет за да ги одврати сите дечишта кои планирале да одат в град со колата, да се начукаат и да си идат ноќеска во 1.... Повеќенаменски е. Негативна страна му е тоа што за да се заштитат тие што се баш почетници, мора да трпат сте до 21 година иако возат од нивна 14та... Мене многу ми сметаше затоа што останував во Скопје до подоцна и секогаш морав да се враќам Прилеп ноќе. Ако те фатат- ќе ти го скинат г`зот, ама што можеш да правиш!
Само, 150 возење на нашиве автопати...многу е... не си сам на автопат! Секогаш има нешто непредвидено. Ако ти можеш да застаниш, можда нема да може тој со ладата што ќе му се бутнеш в лента!
Патем... гледам Фило пишал... А вие другите блендирате??? Јас редовно се трудам, не знаеш на кого ќе му спасиш пола плата...