Како ја толкувате вестта подолу:
Од 15 ноември, со специјални мерачи, полицијата ќе проверува дали на возилото имате зимски гуми со длабочина на каналот поголема од 4 милиметри.
Во спротивно ќе следува казна.
Зоран Ѓуровски, од РСБСП вели дека покрај зимските гуми возачите со себе ќе мора да носат комплетна опрема потребна за зимски услови.
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=52147http://www.youtube.com/watch?v=reXCfdbOeXIОд кажаното јасно е дека ќе се инсистира на носење на зимска опрема и покрај тоа што би се користеле зимски гуми.
Но во муабет со колегиве на работа, некои тврдат дека и покрај носење на зимска опрема ќе се казнува ако зимските гуми немаат барем 4мм. Во превод ако на зимскиве гуми шарата е длабока 3.5мм, следува казна (и покрај носење на зимска опрема, ланци, итн).
Од друга страна, ако го погледате внимателно интервјуто на јутјуб (линкано погоре), на 01:35 човеков убаво кажа дека може и со летни гуми да се вози (односно зимски гуми чии шари се поплитки од 4мм),
ако се носи зимска опрема.
Муабетов е, дали тоа кАнал5 се обидуваат да си ги направат вестите побомбастични, или има основа за загриженост?
