Има логика, а и потреба, форум за автомобили е, повеќе гледам логика да ја тупиме за казниве отколку да правиме моабет за постелнини пердиња и долен веш. Ј
ас ќе ти кажам за мене, како пресен шофер, па има над 10 год, престигнав кај исклучокот за дојран правец гевглија велес, престигнував камион, знакот 70 не го ни забележав и продолжив да си терам со околу 110, ме запреа и казна мислам 1200 ден беше тогаш. дојдоа да ме земаат за во затвор на 2-3 дена и се заврши тоа.
Следно беше на излез од св николе, околу 90 возев, индустриска зона, престигнав некое комбе, возеше некоио 30км/ч нешто почнаа да крекаат тоа жеништата во кола да се расправаат со полицаецот и нормално ме пиша.
Последна што ја платив беше кај вас во ск, заправ на секунда на уличката спрема холидеј ин, што води кон веро, немаше ни 1 минута не знам од каде излезе едно шпонче и ми вика казна 1500ден, ок му викам давај белешка и да одам, почна да ми крека нешто сум бил безобразен, и му викам ако имаш намера да ти се молам, не ти се молам, давај ми тикет и да си одам немам време за губење. и се заврши тука.
Значи во сите ситуации сум бил крив, и нема тука што, а имало и ситуации кога требало да ме пишат сум се извинил и замолил културно и сум поминал без казна.