Денес копитата од единицата АЛФИ направија да се чуствувам како најголем криминалец во државава мочана. Си паркирам на паркинг, и вадам патосници и си чистам внатре. Поминуваат двајца другари и застануваат да се поздрават.
Во меѓувреме гомнава паркираат со едно старо црвено Цитроенче до мене. Покажуваат значки и се однесуваат крајно некултурно. Ни побараа лични карти, сите имавме во моментот.
Возилово чиво е? Мое - му покажувам сообраќајна. Вади се од џебови. Почнува да ме тресе целиот, да ми чепка во новчаник.
Влегува во кола и почнува сегде да пребарува: во врата, меѓу седишта, во касета, под седишта...
На крај ми рекоа да отворам гепек видоа 2 пивциња и не останаа покуси па пак пројадоа гомна.
Видоа дека ништо нема и си фатија патот.
Однос мислиш го фатиле најголемиот дилер на наркотици во Источна Европа. Замачкување очи, демек нешто работиме, додека се ограбуваат банки и пошти - никому ништо, нити ќе ги најдат нити ќе се потрудат да ги најдат.
Во кое ѓубре од држава живееме не сме свесни. Треба да сум будала тука да останам да живеам. Единствено што ми се свиѓа ми се природните убавини, ама и од нив преку куров, ко да нема во другиве држави езера и планини...