Имам возено Сузуки Витара 1.9 ДДИС(од кратките) по планински терени и имав исто чувство како Крел. Џипчето се чини незапирливо по такви терени. Имаше и механички редуктор но немаше некоја потреба да се уклучува редукторот. Инаку сосема добро работеше се на џипот иако се вози секојдневно ептен оф роуд.
Кога прејдов од Suzuki Vitara 1.6 на HONDA HR-V , бевме на КРФ и имаше еден дел со песок. Онака ништо страшно, не го ни сметав за некаков off road. Меѓутоа HR-V то не е Витара, па заглавив да не можев да мрднам.
На тоа место грк со трактор чека жртви, па дојде да се понуди за "ситна" надокнада да ме извлече. Среќа се погодија некакви австријци, па ми помогнаа да се извлечам. Тогаш сконтав дека HRV то е само кола во однос на Витарата

Витарата ја продадов после 165000 поминати километри. Инаку беше купена во Кенија, Африка.
Јас ја купив со 80000 км, и никогаш дури да ја продадам немаше никаков проблем со нејзе. Сервисот се состоеше во промена на уље, филтри и плочки и освен ова немав никогаш никаков проблем (а да.. Цело време ги заборавав фаровите, па сменив еднаш и акумулатор).
Дарко