Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2222302 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34364
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3900 на: 05 Декември 2013, 22:08:36 pm »
toa go velam de , uste od prvata kazna mozes da biras, poeni ili plakanje...

Епа зошто тогаш вика ако заработиш 100 поени ќе треба да полагаш пак? Ако сите плаќаат никој нема да стигне до 100 поени и нема да полага. Нешто тука не е јасно.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4458
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3901 на: 05 Декември 2013, 22:09:33 pm »
ако не се лажам,има казни што носат 100 поени,а тоа значи зимање возачка

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6915
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3902 на: 05 Декември 2013, 22:11:10 pm »
Епа зошто тогаш вика ако заработиш 100 поени ќе треба да полагаш пак? Ако сите плаќаат никој нема да стигне до 100 поени и нема да полага. Нешто тука не е јасно.

Епа може да има некои казни да се врзани со пари + поени. Треба убаво да го исчитам законот за безбедност во сообракајот, ама малку ме мрзи :D

ако не се лажам,има казни што носат 100 поени,а тоа значи зимање возачка

Прв пат слушам за вакво нешто.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14884
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3903 на: 05 Декември 2013, 22:14:48 pm »
toa go velam de , uste od prvata kazna mozes da biras, poeni ili plakanje...

Епа зошто тогаш вика ако заработиш 100 поени ќе треба да полагаш пак? Ако сите плаќаат никој нема да стигне до 100 поени и нема да полага. Нешто тука не е јасно.
Миле,сам си одбираш бе дали ке платиш или ке пишиш поени.Ако пишиш поени гледај да не надминиш 100 пошо ти ја одземаат возачката и ќе треба на ново да полагаш.
Ако не пишиш поени треба да си ги плаќаш казните.
Инаку јас досега немам сретнато казна каде што фобиваш поени и да платиш пари.Шо знам можи треба да изгазиш 10-тина пешаци за тоа.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3904 на: 06 Декември 2013, 00:04:31 am »
toa go velam de , uste od prvata kazna mozes da biras, poeni ili plakanje...

Епа зошто тогаш вика ако заработиш 100 поени ќе треба да полагаш пак? Ако сите плаќаат никој нема да стигне до 100 поени и нема да полага. Нешто тука не е јасно.
ne driblaas ili jas pomesav vecerva piJackive !? :D
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3905 на: 06 Декември 2013, 00:10:30 am »
Da prasam:
Dali moze da se slepa vozilo u grad (Skopje) ili mora slep sluzba?
Несмееш да влечеш возило НИКАДЕ, се мора со шлеп служба. (според закон)
Меѓутоа сајла за влечење е задолжителна.
Е тоа ти е за да се обесиш, имаш сајла колку да ти смета у кола, или ако заглавиш у некој снег/кал и сл. да имаш сајла за некој да те извече од г*мна*а ....  :D :D :D :D :D

смееш да се шлепаш. зашто вадите дезинформации... само има правилник како тоа треба да изгледа. не е само извади јажето, закачи и терај. има процедура која мора да се испоштова. меѓу другото инволвиран е трокут, елечиња, и само возачите во двете возила.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6915
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3906 на: 06 Декември 2013, 00:33:40 am »
Информации околу влечење на друго возило.

                                       Член 76
(1) Со моторно возило смее да се влече друго моторно возило само ако
тоа, поради неисправност или недостиг на одделни делови, не може самото да
се движи.
(2) Со моторно возило не смее да се влече мотоцикл со или без странична
приколка или друго возило на две тркала.
(3) ) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.

                                   Член 77
(1) Моторно возило смее да се влече ноќе, како и дење во случај на
намалена видливост, само ако на својата задна страна има запалени црвени
светла за означување на возилото или ако го влече моторно возило кое има и
при влечењето користи жолто ротационо светло.
(2) На правното лице кое ќе нареди или дозволи влечење на моторно
возило, спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член, ќе му се изрече глоба
во износ од 520 до 1.350 евра во денарска противвредност.
(3) За прекршокот од ставот (2) на овој член, глоба во износ од 330 евра во
денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице на правното
лице.
(4) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.
 
                                     Член 78
(1) За време на влечењето на возилото од членот 76 став (1) на овој закон,
двете возила се означени со знак со кој се означува запрено возило на
коловозот (сигурносен триаголник). На моторното возило кое влече друго
возило, триаголникот се поставува на предната, а на влечното возило на
задната страна.
(2) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.
 
                                        Член 79
(1) Моторно возило на пат може да се влече со помош на јаже, крута
врска (руда) и со потпирање или бесење на возилото за влечното возило.
(2) Со помош на јаже не смее да се влече моторно возило на кое не му се
исправни уредите за управување или уредите за запирање, ниту товарно
моторно возило и автобус.
(3) Со крута врска не смее да се влече моторно возило кое нема исправен
уред за управување, ниту моторно возило потешко од влечното возило, ако не
му е исправна работната кочница.
(4) На правното лицe кое ќе нареди или дозволи влечење на возило,
спротивно на одредбите од ставовите (2) и (3) на овој член ќе му се изрече глоба
во износ од 650 евра во денарска противвредност.
(5) За прекршоците од ставот (3) на овој член глоба во износ од 520 евра
во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното
лице.
(6) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода
согласно одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите (2) и (3) на овој член.
 
                                 Член 80
(1) Ако моторно возило се влече со помош на јаже или крута врска,
лицето кое управува со влеченото возило потребно е да има дозвола за
управување од онаа категорија возила на која му припаѓа возилото кое се
влече.
(2) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.
 
                                          Член 81
(1) Влечење на натоварено товарно возило со или без приклучно возило,
односно трактор со приклучно возило, е дозволено само до првото место
погодно за претовар на товарот, а по исклучок и до првото место на кое може
да се отстрани неисправноста на возилото.
(2) На правното лицe кое ќе нареди или дозволи да се влече возило
спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член, ќе му се изрече глоба во
износ од 520 до 1.350 евра во денарска противвредност.
(3) За прекршокот од ставот (2) на овој член, глоба во износ од 550 евра во
денарска противвредност, ќе му се изрече и на одговорното лице во правното
лице.
(4) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.

                                   Член 82
(1) Во сообраќај на јавен пат, со трактор може да се влече само едно
запрежно возило кое е преуредено за влечење со помош на трактор.
(2) Запрежното возило кое го влече трактор во сообраќајот на пат,
задолжително треба да има гумени тркала.
(3) Запрежно возило кое го влече трактор во сообраќај на пат,
задолжително треба да биде приклучено на трактор со помош на крута
зглобна врска, така што во текот на возењето е обезбедена стабилност на двете
возила и е оневозможено нивно раздвојување.
(4) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите од (1) до (3) на овој член.
 
                                    Член 83
(1) Растојанието помеѓу влечното и влеченото моторно возило, ако се
влече со јаже изнесува три до пет метри, а ако се влече со помош на крута врска
може да изнесува и помалку од три метри.
(2) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, ќе им се
изрече, односно ќе им се регистрираат десет негативни бода согласно со
одредбите на овој закон, на возачите на возилата од ставот (1) на овој член кои
постапуваат спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
 
                                       Член 84
(1) Моторно возило кое на пат влече друго неисправно моторно возило,
не смее да се движи со брзина поголема од 40 км/час.
(2) Со влеченото возило од ставот (1) на овој член забрането е да се
превезуваат лица.
(3) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.


Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3907 на: 06 Декември 2013, 00:46:00 am »
hmm sto li misli so voa;
                                Член 80
(1) Ако моторно возило се влече со помош на јаже или крута врска,
лицето кое управува со влеченото возило потребно е да има дозвола за
управување од онаа категорија возила на која му припаѓа возилото кое се
влече.

(2) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3908 на: 06 Декември 2013, 00:47:11 am »
дека ако те влечат во кола треба да имаш Б категорија... ако те влечат во камион Ц и тн...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3909 на: 06 Декември 2013, 00:57:05 am »
da da moja greska, nedocitav ; I go razbrav ko vlekacot da ima potrebna dozvola za vleceniot  :D
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7566
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3910 на: 08 Декември 2013, 14:10:43 pm »
Другарче ме прашува нешто, мислам дека имам читано тука ама не можам да најдам. Со тоа ебано 2 годишно искуство.

Дали ако има 2 години искуство, а е под 21 година, може да вози после 23:00 ? Демек требало 2 години искуство, ама и над 21 год. возраст ??? Отупеа со ова максимално.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3970
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3911 на: 08 Декември 2013, 14:12:22 pm »
Другарче ме прашува нешто, мислам дека имам читано тука ама не можам да најдам. Со тоа ебано 2 годишно искуство.

Дали ако има 2 години искуство, а е под 21 година, може да вози после 23:00 ? Демек требало 2 години искуство, ама и над 21 год. возраст ??? Отупеа со ова максимално.
Мора да биде над 21 година и 2 години искуство т.е. ако положи на 18 години треба да чека 3 години за искуство ;)
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6915
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3912 на: 08 Декември 2013, 14:16:58 pm »
Другарче ме прашува нешто, мислам дека имам читано тука ама не можам да најдам. Со тоа ебано 2 годишно искуство.

Дали ако има 2 години искуство, а е под 21 година, може да вози после 23:00 ? Демек требало 2 години искуство, ама и над 21 год. возраст ??? Отупеа со ова максимално.

55. ,,Возач-почетник” е секој возач на моторно возило до 21 година
возраст, како и возач на моторно возило во период од две години по
добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во
Република Македонија или во странство. Возач-почетник е и возач на моторно
возило во периодот од две години по добивањето на возачката дозвола од
одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга
категорија;

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3913 на: 08 Декември 2013, 15:18:12 pm »
Од секогаш е така како што викаат Бушав и Фило ;)

Пофалба за Фило дека еден од ретките е што го чита законот, а не се потпира на рекла казала муабети.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Хюндай Тюсон
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #3914 на: 08 Декември 2013, 19:03:49 pm »
Само што некогаш нетреба строго на тоа да се потпираме. Пример овде во штип ако имаш 2 години искуство никој не ти гледа 21 година. И не е од рекла казала туку сигурно најмалку 5 пати сум бил во кола каде тој што возел го сопрела полиција и имал повеќе од 2 години искуство а помалку од 21 година и никој ништо не му кажал. Последен пат пред отприлика 2 недели. И овде апсолутно секој возач почетник со 2 години слободно си возе после 11 и никој не чека да наполни 21 и незнам никој што е казнет а сум таа генерација каде сите мои другари и јас воземе...