На побратимот така пред 3-4 години му шлапосаа 3-400 евра. Си стоел на семафор, а овие од позади со ротационото сакале да се пикнат и човеков вика немаше кај да идам напред, па малку рикверц отидов и за да можам да се извртам да им направам место. Искочил тој од колата, му ја земал дозволата и си отишол. Па среќа најде човеков некој во мвр да му ја најде дозволата, а после и си плати.