Случка со Германска полиција:
Најкултурно и најферски ме исклучија од сообраќајот (од аутобан), дојдоа, покажаа значки (оти беа у цивилка), и ми ги побараа сите можни документи. Нормално стандардната постава на документи (дозвола, зелен картон а у...), НО, ми побараа и меѓународна дозвола и секако, документи за кучето дека е вакцинирано, со микрочип итн итн. 5 минути работа, и после уште и ме пуштија да вртам полукружно преку 2 пуни за да се вратам на аутобанот.
Би рекол дека новите дозволи не се доволни сами по себе, а за ~900 денара за меѓународна, не вреди човек потенцијално да си има проблеми, кога веќе ете, можно е да ја побараат.