Член 19
(1) Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на
коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.
(2) Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да
управува со возилото со особена претпазливост и да вози со таква брзина што
овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.
(3) Возачот е должен да го запре возилото пред обележан пешачки
премин секогаш кога пешакот започнува да чекори по обележаниот пешачки
премин.
(4) На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни
знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена
претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во
случај на потреба.
(5) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (2), (3) и (4)
на овој член.
Нема казнени поени, директно по џебот те маваат.
@Simo, од каде тоа 3 месеци возачка, во членов тоа не е наведено.