Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2139701 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55124
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2250 на: 02 Февруари 2013, 14:00:57 pm »
Тоа значи дека случајот ќе се разгледа на суд. Толку значи.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6844
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2251 на: 02 Февруари 2013, 14:01:55 pm »
Ама пак од казна нема да се спасиш, само ке трчаш по судови да се докажуваш.
Еве, во законот за безбедност не е предвидена забрана за возење ако те фатат во еднонасочна, истото и банзаи ми го констатираше и во одговорот ама таткоми го дадоа на суд, иако не е предвидена забрана и иако ја плати во рок од 8 дена казната

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55124
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2252 на: 02 Февруари 2013, 14:02:22 pm »
Ако судот досуди дека не си виновен, нема да те казни.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6844
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2253 на: 02 Февруари 2013, 14:05:47 pm »
Ете го фатиле во еднонасочна, како судот ке пресуди дека не сторил прекршок ?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55124
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2254 на: 02 Февруари 2013, 14:07:25 pm »
Преку ставовите кои ќе ги изнесеш.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2255 на: 02 Февруари 2013, 14:07:55 pm »
Значи доколку не се потпишеш обавезно те викаат на суд да се изјасниш?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2256 на: 02 Февруари 2013, 14:09:19 pm »
не бе и јас имав иста дешавка,не се потпишав нормално,искеширав 150 евра во првите 7-8 дена и сега за сега ништо ми нема стигнато еве веќе година и нешто има поминато

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6844
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2257 на: 02 Февруари 2013, 14:09:52 pm »
Преку ставовите кои ќе ги изнесеш.

Епа согласно член 33 став 4 од законот за безбедност не смееш да возиш во еднонасочна во забранетата насока, и според став 6 од истиот член е предвидена казна од 300 евра, како ке се одбраниш, кој став ке го изнесеш во твоја одбрана ? Пази, те фатиле во еднонасочна како возиш во обратна насока

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55124
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2258 на: 02 Февруари 2013, 14:12:25 pm »
Си има луѓе што учеле за тоа. Не е плукни-залепи науката.

И нема зошто јавно да изнесувам ставови за на суд. Консултирај се со адвокат ќе ти објасни како да се презетнира случајот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34312
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2259 на: 02 Февруари 2013, 14:15:51 pm »
Никако не можеш да се браниш. Можеш само да речеш дека не си бил таму. Судијата ќе ти рече: не сери, еве ти казна и судски трошоци и толку :)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55124
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2260 на: 02 Февруари 2013, 14:16:51 pm »
Aко отидеш к'о ќориот у граот, тачно тоа ќе те снајде.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6844
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2261 на: 02 Февруари 2013, 14:18:54 pm »
Никако не можеш да се браниш. Можеш само да речеш дека не си бил таму. Судијата ќе ти рече: не сери, еве ти казна и судски трошоци и толку :)

+1, тоа е тоа, џабе само ке се нервираш и ке трчаш натаму наваму, кога и улицата е запишана, и ставовите се наведени, џабе ти е и непотпишувањето, кога џандарот ке напише дека си одбил да потпишеш, плус сите лични податоци ти ги завеле.

Таткоми ке иде на суд, пошто за возење во еднонасочна не е предвидена забрана за возење, а го дале на суд за да му изречат, тоа е веке друго

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55124
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2262 на: 02 Февруари 2013, 14:23:22 pm »
Никако не можеш да се браниш. Можеш само да речеш дека не си бил таму. Судијата ќе ти рече: не сери, еве ти казна и судски трошоци и толку :)

+1, тоа е тоа, џабе само ке се нервираш и ке трчаш натаму наваму, кога и улицата е запишана, и ставовите се наведени, џабе ти е и непотпишувањето, кога џандарот ке напише дека си одбил да потпишеш, плус сите лични податоци ти ги завеле.

Таткоми ке иде на суд, пошто за возење во еднонасочна не е предвидена забрана за возење, а го дале на суд за да му изречат, тоа е веке друго
Пак комплетно ја утињаш поентата, ја зареди.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6844
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2263 на: 02 Февруари 2013, 14:28:05 pm »
Добро, еве те факаат во еднонасочна улица, џандарот ја запишува која е улицата, те запишува и тебе со име, презиме, матичен број, место на живеење, го наведува и членот и ставот со кој се констатира дека правиш недозволено дејстивие, ти нема да потпишеш, сакам да идам на суд да се докажувам, судот ке види дека те фатиле во еднонасочна, ке испрати еве да речеме и вештак, ке утврдат дека улицата е еднонасочна, и само ке го потврдат она што е во записникот и незз што сега се обидуваш да докажеш стварно. Не ја утињам поентата, пошто се започна од тоа непотпишување

Патем, еве ти го и членот

                                          Член 33 н 33  
(1) На јавен пат со коловоз за сообраќај на возила во двете насоки на кој
постојат најмалку четири сообраќајни ленти, возачот не смее со возилото да
преминува на коловозната лента наменета за сообраќај на возилата од
спротивната насока.
(2) На јавен пат со коловоз за сообраќај на возила во двете насоки на кој
постојат три сообраќајни ленти, возачот не смее да  се движи со возилото по
сообраќајната лента што се наоѓа на левиот раб на патот во правецот на
движењето на возилото.
(3) На јавен пат на кој коловозните ленти се физички одвоени една од
друга, возачот не смее со возилото да се движи по коловозната лента наменета
за сообраќај на возилата од спротивната насока.
(4) На јавен пат со коловоз за сообраќај на возила во една насока, возачот
не смее со возилото да се движи во забранетата насока.

(5) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на
овој член.
(6) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на
овој член.  

 (7) На возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој
член, покрај глобата утврдена во ставот (6) на овој член ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12
месеца, под услови и начин утврдени со закон.  

Освен ако не не ребраш сега, пошто познат си по тоа :D

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #2264 на: 02 Февруари 2013, 14:34:23 pm »
Мене другар шо работи во суд ми рече само не признавај извини се мада ова ми е контрадикторно да се извиниш за нешо шо не го признаваш. Ако признаеш ќе се заколиш сам, ништо бе те спасува.

Ваљда моеш да се извадиш на суд ако си паметен