Добро, еве те факаат во еднонасочна улица, џандарот ја запишува која е улицата, те запишува и тебе со име, презиме, матичен број, место на живеење, го наведува и членот и ставот со кој се констатира дека правиш недозволено дејстивие, ти нема да потпишеш, сакам да идам на суд да се докажувам, судот ке види дека те фатиле во еднонасочна, ке испрати еве да речеме и вештак, ке утврдат дека улицата е еднонасочна, и само ке го потврдат она што е во записникот и незз што сега се обидуваш да докажеш стварно. Не ја утињам поентата, пошто се започна од тоа непотпишување
Патем, еве ти го и членот
Член 33 н 33
(1) На јавен пат со коловоз за сообраќај на возила во двете насоки на кој
постојат најмалку четири сообраќајни ленти, возачот не смее со возилото да
преминува на коловозната лента наменета за сообраќај на возилата од
спротивната насока.
(2) На јавен пат со коловоз за сообраќај на возила во двете насоки на кој
постојат три сообраќајни ленти, возачот не смее да се движи со возилото по
сообраќајната лента што се наоѓа на левиот раб на патот во правецот на
движењето на возилото.
(3) На јавен пат на кој коловозните ленти се физички одвоени една од
друга, возачот не смее со возилото да се движи по коловозната лента наменета
за сообраќај на возилата од спротивната насока.
(4) На јавен пат со коловоз за сообраќај на возила во една насока, возачот
не смее со возилото да се движи во забранетата насока. (5) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на
овој член.
(6) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на
овој член. (7) На возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој
член, покрај глобата утврдена во ставот (6) на овој член ќе му се изрече и
прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12
месеца, под услови и начин утврдени со закон.
Освен ако не не ребраш сега, пошто познат си по тоа
