Епа ваљда дека се рачуна како товарно возило и затоа е таква казната, пошто имаш лепенка позади, и на автопат ако има табла 120, таа ке важи за патничка кола, а ти пошто си товарно и имаш лепенка, 80 ке возиш.
Ај баш вечер кога ке се вратам од работа ке го ѕирнам законот за безбедност во сообракајот
ЕДИТ: Еве сега погледнав во законот, согласно член 40, за товарни возила и автобуси нема толеранции како за патнички коли, до 30 километри да биде казната 20 евра, од 30 до 50 километри 45, а над 50 километри 300 евра и возачка. Бујрум член 40 од закон за безбедност во сообракајот
Член 40
(1) На јавните патишта се ограничува брзината на движење на следниве
категории на моторни возила:
- на 80 километри/час - за автобуси и автобуси со лесна приколка, за
товарни моторни возила чија најголема дозволена маса не е поголема од
7.500 килограми, за моторни возила кои влечат камп-приколка и за
патнички возила што влечат лесна приколка,
- на 70 километри/час - за автобуси кога се врши организиран превоз
на деца, за зглобни автобуси за превоз на лица во градски сообраќај, за
автобуси кои покрај вградените седишта имаат и определени места за
стоење, за товарни возила кои во товарниот сандак вршат групен превоз
на лица и за моторни возила со синџири на тркалата,
- на 30 километри/час - за трактори и
- на 25 километри/час - за трактори што влечат приклучно возило со кое
се превезуваат лица.
(2) Кога управуваат со моторните возила од ставот (1) на овој член
возачите се должни да се придржуваат кон брзините пропишани во ставот
(1) на овој член и на патот на кој со овој закон или со поставениот
сообраќаен знак е дозволена поголема брзина.
(3) Моторните и приклучните возила од ставот (1) алинеи 1, 2 и 3 на
овој член што се регистрираат во Република Македонија, освен
возилата на Армијата на Република Македонија, Полицијата и возилата
со синџири на тркалата, задолжително треба да имаат ознака поставена на
левата половина од својата задна страна, во форма на круг со жолта боја,
обрабен со црвен раб, во кој со црна боја е испишан бројот што ја
означува најголемата дозволена брзина на движење на тие возила.
(4) На правното лицe кое ќе нареди или дозволи управување со возило,
спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член, ќе му се изрече глоба
во износ од 480 евра во денарска противвредност.
(5) За прекршокот од ставот (4) на овој член глоба во износ од 300 евра
во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во
правното лице.
(6) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1)
и (2) на овој член.
(7) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни
бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува
спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член.