Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2098121 пати)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #840 на: 25 Јуни 2012, 16:22:47 pm »
Не ја потпишав казната напишаа одбива да се потпиши е сеа не сум сигурен дека возев толку пошто не гледав во километражот мада таму е широк патот можно е да сум се занел со дупли ленти е ако возиш 50 исто како 30 да возиш така ме уловија, е сеа ќе ја платам па ќе одам на суд ќе видиме колку на колку време ќе ми ја одземат возачката а тоа дека ќе ја одземат гледам неизбежно е.

НИКОГАШ не се потпишувај на било што од полицаец, поготово не на казна. Со тоа што не си се потпишал имаш основа да се извлечеш ама другите не мислат така.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #841 на: 25 Јуни 2012, 16:25:20 pm »
На која основа ке се извлечеш.Ионака полицаецот се слуша/почитува на суд.Плус во случајов мерел на радар и пишал во записникот дека казнетото лице возело +34км/х од дозволеното.На судот не му треба твој потпис на записникот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #842 на: 25 Јуни 2012, 16:29:42 pm »
На која основа ке се извлечеш.Ионака полицаецот се слуша/почитува на суд.Плус во случајов мерел на радар и пишал во записникот дека казнетото лице возело +34км/х од дозволеното.На судот не му треба твој потпис на записникот.

Ако не му треба зошто тогаш ќе те гњави 10 минути и ќе те убедува дека МОРАШ да се потпишеш...за на крај да стави одби да се потпише...


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #843 на: 25 Јуни 2012, 16:30:54 pm »
Мене никогаш не ми досадвале да се потпишам.Фино лепо ти вели ке се потпишиш или не?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #844 на: 25 Јуни 2012, 16:32:03 pm »
Да не испадне дека ширам невистини - повеќе луѓе не се согласуваат со мојот совет, го споделив моето искуство, ако се сменале работите или поинаков е начинот - или послушај го мнозинството овде или прашај пријател правник адвокат кој се бави со овие работи, крај краева прашај пријател полицаец ако имаш...

Немам намера да ширам невистини или намерно да заебам некого, она што го кажав за мене функционирало...Мој другар го заебаа кога излезе пред судија ни крив ни должен.

Како и да е, повеќето не се согласуваат со мене, најдобро батали ги моиве совети.

Фер кажано. Другар ти има право на жалба и ако го употребел секако немало да настрада освен ако не постоел основ за тоа.

Ако не му треба зошто тогаш ќе те гњави 10 минути и ќе те убедува дека МОРАШ да се потпишеш...за на крај да стави одби да се потпише...

Никој не те гњави дека МОРАШ да потпишеш. Само те прашува дали ќе потпишеш или не.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #845 на: 25 Јуни 2012, 16:35:57 pm »
Мене никогаш не ми досадвале да се потпишам.Фино лепо ти вели ке се потпишиш или не?

Си имал среќа. Не знаеш какви се не случки со полицајци сум имал...

Еднаш не носев лична карта и ме прашуваа за податоци кој сум што сум. Откако 20 минути "проверуваа" по станица дали ги лажам, ме пуштија као демек ОК е терај. После 2 недели ми стигна казна и покана за суд поради неносење лична карта, одбивање да се идентификува на униформирано лице и не знам какви се не други глупости. Нормално не отидов, застаре делото. Пробаа да ми достават пресуда после 1 година ја обжалив на управен и ја поништија...

Прекршочните пријави се ништо во споредба со кривичните дела, тоа е сосема друга работа и поинаку се третира.

Секоја чест на исклучоците, ама стварно многу "педерчиња" има меѓу полицајциве, со ништо крив ќе те направат...Додуше сега работите на тој план се сменија бааѓи откако им дојдоа оние тренинзи, мисии од ЕУ трт мрт па се опаметија ама СЕПАК...Да си немаш работа со суд и полицаец...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #846 на: 25 Јуни 2012, 16:39:24 pm »
Со полицаец само смирено, на неколку нивоа над него, поставување како интелектуалец, делување како да ги познаваш работите и комплетна самодоверба во конверзацијата. Тоа помага секогаш, барем за мене. Никогаш не ни пробале да ми увалат нешто што не било вистина. Ама и они се вешти се повеќе и повеќе да наместат намештаљки, организирани прекршоци и стапици.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #847 на: 25 Јуни 2012, 16:40:35 pm »
Да не испадне дека ширам невистини - повеќе луѓе не се согласуваат со мојот совет, го споделив моето искуство, ако се сменале работите или поинаков е начинот - или послушај го мнозинството овде или прашај пријател правник адвокат кој се бави со овие работи, крај краева прашај пријател полицаец ако имаш...

Немам намера да ширам невистини или намерно да заебам некого, она што го кажав за мене функционирало...Мој другар го заебаа кога излезе пред судија ни крив ни должен.

Како и да е, повеќето не се согласуваат со мене, најдобро батали ги моиве совети.

Ќе прашам адвокат полицаец да видам што ќе ми речат за ова забранава ако може некако да ја намалат, за плаќањето нема бегање, кај сите турци таму и асан било за да биди. Инаку за потпишувањето ме праша реков дека нема да се потпишам и толку беше.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #848 на: 25 Јуни 2012, 16:46:36 pm »
Ако не си потпишал не ни плаќај. Дирекно на суд и виси што ќе биде. Моли штури. Башка ако нети покажал кога е баждарен мерачот (или нешто слично беше) Имаш шанси дасе извадиш. Битно не плаќај сега, чекај на суд да идеш.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #849 на: 25 Јуни 2012, 16:53:08 pm »
Е тек тогаш ќе наебе како другар му на нгоцевски.
На пример можеш да се извлечеш на суд ако те казнат за сечење полна линија, непропуштање на пешак на пешачки и слично, некаде каде мора да има фотографија а полицаецот нема фотографија и слично. Ама за брзо возење судијата сигуно ги знае тие полицајци, кој знае во денот колку такви случаеви решава. Секако знае дали апаратите им се баждарени или не. И сега ти ќе се курчиш, баждарење ќе му бараш и ќе му изиграваш паметњакович? Ќе ти опне казна да се чешаш. Затоа најпаметно, си ја имаш мувата на капата, си згрешил, плати си ја казната и замоли да ти ја намалат казната на суд... Они мислите не се научени на фраери како нас кои го кршат законот и уште се силат? башка судијата може да има и скриена агенда па да му дојде кец на десетка да се олесни преку твојот случај таму каде должи...

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #850 на: 25 Јуни 2012, 16:56:53 pm »
Миле кога бев на суд имаше 10 души пред мене. Кој не потпишале и кој не платиле. Ем им намалија казна ем не им ги земаа возачките. Имаа прекршоци од типот возење пијан, на црвено и сл.

Судиката ме напраи глуп што сум потпишал и што сум платил.


АМА ризик на шизик е. Ако не помине ова, наместо пола цела сума ќе ја плати.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #851 на: 25 Јуни 2012, 17:01:21 pm »
Абе Члинк, јас пак имам поинакво искуство. Мојот случај го знаеш со заобиколувањето на полна линија. Мене на суд врска ми беше заменик началникот на полиција во Гостивар. Судиката беше негова позната. Неформално правевме муабет на тенане дека копија од пресудата се испраќа и во полиција и таму можат пресудата да ја ОБЖАЛАТ. Она вика дека ако ја обжалат пресудата ќе те пратат кај некој друг судија кој ќе ги искористи сите расположливи средства да ти ебе матер колку што е можно подлабоко. Порано некогаш можеби имало место за скаламуции ама сега се многу стегнати особено после новиот закон за парнична постапка. Многу работи се сменети. Ако Стиг не ужива во фрустрации и малтретирања од страна на давата предлагам да си се држи до процедурата и да си спие мирно. А кога се прави експеримент може све да с еслучи и добро и лошо... Само секој со својата среќа.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #852 на: 25 Јуни 2012, 17:06:13 pm »
Затоа викам. Ако му се иде на ризик нека проба. Ако му е страв нека цепа по процедура и тоа му е тоа. Ама идење у суд обавезно. Да не остане без возачка цела година.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #853 на: 25 Јуни 2012, 17:21:59 pm »
Абе другар ми со платена казна во рок од 8 дена - го натераа да плати ЦЕЛОСНА КАЗНА затоа што тој не доставил фотокопија од уплатницата (пази богати) и затоа што не ја чувал уплатницата после тоа. Место 150 него го кошташе 150 + 300. Во полиција му се правдаа ние немаме евиденција за тоа кој платил а кој не платил казна. Кога се појави на суд му стегнаа некоја условна од 1 година, погрешно да паркира во наредната година дена му ја земаат дозволата...

Каде стигнуваат каде не стигнуваат поканите за суд, по правило штом платиш во оние 8 дена не треба да одиш на суд, ама бидејќи евиденцијата е килава се праќа секаде без правила...

Пред 1 година бев во кола, погрешно паркиран на дел од велосипедска патека, чекав 5 минути внатре во кола бев, ми дојде полицаец ми ги зеде документите, јас се јавив кај кумашин кој е началник баш во тој реон, веднаш му се јави да интервенира, полицаецот по телефон му рече уживај ќе средиме еве, не знаев дека е твој, него слушај дај жити се сврши ми ова и ова за во внатрешна контрола...

Типот казната ми ја пиша а си заврши работа, педерче, веднаш му се јавив на кумашинот и казната ми ја скинаа (ако полицаецот ми се правдаше веќе ја напишал и не можела да се скине)

Штом не си се потпишал тоа значи дека вината не ја признаваш, потписот значи признавање на делото, со пријатели или добри врски можиш да се отарасиш од казнава и маткањето по судови само ќе треба да изгњавиш луѓе.

Немајте верба во полицајци, премногу случаеви знам кога лажираат записници и триста чуда, големи преваранти има меѓу нив, навистина има еснаф луѓе и за пример ама многу има заебанти и воопшто немајте верба...

Сега навистина се променети, покултурни итн итн ама пак финтите им останаа и тешко се излегува на крај, порано ај што беа безобразни него не смееше да ги погледнеш попреку а камоли да одбиеш да се потпишеш...Паметам еднаш еден полицаец кај Кичево (има едни криви некој километар два пред кичево кога возиш од охрид, со карпи околу, не се баш прегледни се кријат тука) ме фати претицував на полна, имаше некоја запрежна кола пред мене, колку ми беше смешен ме убедуваше да потпишам, ако не сум се потпишел многу полошо ќе изгледало на суд и поголема казна ќе сум јадел, па за мое добро.... ахахаха.


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #854 на: 25 Јуни 2012, 17:35:06 pm »
ДА ДА!!! Ова и на дедото му се деси!!! Само стар чоек, од се има фотокопија и оригинал... Им ја однесе... Се изнапцу... И толку.