Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2377782 пати)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2114
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14325 на: 03 Април 2026, 15:43:28 pm »
Плаќаш технички и осигурување ама не заверуваш сообраќајна. После 29 дена одиш да завериш сообраќајна и полисата се преиздава од датумот кога си ја завел во сообраќајната. 29 дена си возел гратис.
Јас овој дел не го сконтав, плакаш осигурање на друг шалтер ти дава потврда послем со таа идеш на заверка кај полицаецот, никаде немам видено дека има систем што полицаецот ја одредува важноста на полисата два засебни системи се (не верувам дека осигурителните компании тоа го дозволуваат плаќам ама не сум ставил печат и ајде еден месец частете од веке платеното продолжете важност)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3399
  • Хюндай Тюсон
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14326 на: 03 Април 2026, 15:51:28 pm »
Ми се има десено на мене и тоа поради сплет на околности на иста полиса датумот го променував два пати.

Купив полиса за осигурување но во полиција поради нивна грешка при одјава на таблици (одјавиле возило целосно како скрап) морав да чекам неколку дена началникот да ја поништи првата одјава за да добијам нова сообраќајна. Во моментот кога ја земаш новата сообраќајна полисата мора да биде со тој датум па морав да одам во осигурителна да ми го сменат претходниот (веќе изминат) датум на полисата со тековниот датум (денот кога ја земам сообраќајната). И баш прашав ми кажаа дека можело да се смени до 30 дена доколку не биде заведена во сообраќајна.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2349
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14327 на: 03 Април 2026, 16:49:39 pm »
Ми се има десено на мене и тоа поради сплет на околности на иста полиса датумот го променував два пати.

Купив полиса за осигурување но во полиција поради нивна грешка при одјава на таблици (одјавиле возило целосно како скрап) морав да чекам неколку дена началникот да ја поништи првата одјава за да добијам нова сообраќајна. Во моментот кога ја земаш новата сообраќајна полисата мора да биде со тој датум па морав да одам во осигурителна да ми го сменат претходниот (веќе изминат) датум на полисата со тековниот датум (денот кога ја земам сообраќајната). И баш прашав ми кажаа дека можело да се смени до 30 дена доколку не биде заведена во сообраќајна.

Ова е само за прва регистрација. При секоја следна регистрација кога и да го извадиш осигурувањето (во тие 30 дена пред истекот на регистрација), секако ќе почнува од датумот кога почнува и новата регистрација

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6950
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14328 на: 03 Април 2026, 18:50:50 pm »
Клучни зборови “новата сообраќајна”.

Затоа побарав уште еднаш. @nestor04 и неговата ситуација ни одблиску не беа слични со ова.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7192
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14329 на: 03 Април 2026, 22:07:24 pm »
Пошто еве ти класичен пример како може да го изиграш системот. Плаќаш технички и осигурување ама не заверуваш сообраќајна. После 29 дена одиш да завериш сообраќајна и полисата се преиздава од датумот кога си ја завел во сообраќајната. 29 дена си возел гратис.

29 дена стрико ќе возиш нерегистрирано возило, за така можиш ич ништо да не плаќаш и да тераш повеќе од 29 дена.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3399
  • Хюндай Тюсон
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14330 на: 05 Април 2026, 20:24:40 pm »
Пошто еве ти класичен пример како може да го изиграш системот. Плаќаш технички и осигурување ама не заверуваш сообраќајна. После 29 дена одиш да завериш сообраќајна и полисата се преиздава од датумот кога си ја завел во сообраќајната. 29 дена си возел гратис.

29 дена стрико ќе возиш нерегистрирано возило, за така можиш ич ништо да не плаќаш и да тераш повеќе од 29 дена.

Ист случај како кај несторот. Имал платено осигурување ама не заведено. Од тука тргна и целата дискусија и на тоа му укажав и јас. Тоа што си платил осигурување не значи дека колата е регистреирана и возилото осигурано!!

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14331 на: 06 Април 2026, 00:11:44 am »
Ист случај како кај несторот. Имал платено осигурување ама не заведено. Од тука тргна и целата дискусија и на тоа му укажав и јас. Тоа што си платил осигурување не значи дека колата е регистреирана и возилото осигурано!!

Не е така. Затоа што ако е така како што велиш, треба поново на технички да плаќа и технички и полиса ако возилото не било осигурано и регистрирано по твојава логија.

Мене пред 2 години кога ми беше згрешен датумот на важност на регистрацијата, требаше да биде 24.03.2025, а беше заведен 24.02.2025 бидејки знам дека уште првата година кога го земав, видов дека до 24ти март ми трае регистрацијата.

Гледам на полисата датумот е 24.03.2025.

И отидов во ПСС, првин на шалтер за осигурување, им кажувам што е проблемот, гледа таа и ми вели дечко се гледа според полисата, плус и провери во систем дека возилото наназад било секогаш со важност на полиса до 24ти март.

Отидов одма на шалтер на МВР, му го посочувам ова, одма го преправи датумот на 24.03.2025

Така да и во случајот на Нестор, возилото си било уредно регистрирано, поминат технички и платена полиса кои ги приложува со кои возилото ги исполнува условите за продолжување на регистрацијата за дополнителна година.
Тоа што неспособен шалтерски службеник од МВР направил грешка и не удрил печат, ни под разно не требало да биде санкциониран возачот, бидејки доказите се таму, платен технички и платена полиса.

Така да во случајот на Нестор е само неспособност на некој си таму платен со наши пари да знае како да работи.
Возилото си било уредно осигурано, платен технички. Само уште печат што требало некој да стави, каде што му прошла низ рака таа собраќајна.

Не си во право за ова бидејки секогаш кога идеш да регистрираш кола, мора првин да отидеш на шалтер за технички и шалтер за осигурување, да се исполнат тие за да можи полицаецот да констатира дека возилото смее да се пушта во сообраќај.

Тоа што фалело печат и датум е само неспособност за која ни крив ни должен Нестор, односно мајкаму требало да ја плати, а не дека навистина возилото не било регистрирано и немало важечко осигурување.

Ова ти го велам затоа што тоа со 29 дена што го велиш е тотален нонсес бидејки регистрација на возилото можи да направиш 30 дена пред истекот на сообраќајната, односно полисата.

Еве сега јас кога ја регистрирав оваа година, ми важи до 24.03.2027, а ја регистрирав на 27.02.2026.

Така да немора истиот ден да ја завериш сообраќајната, можи нема полицаец тогаш, се додека си во тој последен рок на последни 30 дена е вака како што ти велам,

Ова твојава логика со последните 29 дена, со различни датуми е тотален нонсесн и апсолутно без никаква логика.
« Последно менување: 06 Април 2026, 00:19:11 am FiLo »

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 649
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14332 на: 06 Април 2026, 08:49:55 am »
@nestor04 во сообраќајната немаше само печат, или немаше испечатено ни дата до која важи новата регистрација?
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3399
  • Хюндай Тюсон
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14333 на: 06 Април 2026, 09:06:06 am »
@nestor04 во сообраќајната немаше само печат, или немаше испечатено ни дата до која важи новата регистрација?

Да и ова е доста битен детал.

И да нема забуна дека отстапката може да се направи само за нова сообраќајна ете ви уште едно снецарио.

Регистрацијата ми важи до 11 март 2026та година. Тоа е сабота. Јас во сабота одам во псс лисиче и минувам технички ми издаваат осигурување но ми викаат дечко иди до псс зајчев рид само таму во сабота има полицаец да ти завери.

Извинете нема да стигнам денес до зајчев рид. Добро нема проблем дојдете во понеделник ќе ви завериме.

Прашање до вас во понеделник на 13 март 2026та кога ќе отидете и ќе ви заверат во сообраќајна со кој датум ќе биде заверено?

Тие 2 дена може да се проточат до 30 доколку сакате. Но пак потенцирам во тие 2 дена од сабота до понеделник вие реално имате нерегестрирано возило иако поминало технички и сте платиле полиса.

И како што праша Андреј тука битен детал е дали имало само датум и потпис без печат или немало ништо во сообраќајната.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6854
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14334 на: 06 Април 2026, 09:21:58 am »
@nestor04 во сообраќајната немаше само печат, или немаше испечатено ни дата до која важи новата регистрација?
Немаше ни дата, т.е извади нова сообраќајна (на име на мајка ми), а го препишал датумот на важност од старата сообраќајна (како што беше на претходниот сопственик) со важност до 05.02.2026 и потпис, без печат. По средувањето на грешката датумот е според полиса (10.03.2027) и има печат, т.е сѐ е регуларно.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3399
  • Хюндай Тюсон
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14335 на: 06 Април 2026, 09:36:58 am »
И како во случајов полицаецот што ја сопрел и констатирал нерегистрирано возило е крив? Најверојатно првиот воопшто немал внесено во систем новата дата и другиов кога проверил колата била нерегистрирана.

Според мене многу добра одлука на полицаецот да го исклучи возилото од сообраќај и да не дозволи да потклекне на фазонот ама имаме платено технички и осигурување. Така треба да работи секој професионалец.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7192
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14336 на: 06 Април 2026, 09:50:09 am »

И да нема забуна дека отстапката може да се направи само за нова сообраќајна ете ви уште едно снецарио.

Регистрацијата ми важи до 11 март 2026та година. Тоа е сабота. Јас во сабота одам во псс лисиче и минувам технички ми издаваат осигурување но ми викаат дечко иди до псс зајчев рид само таму во сабота има полицаец да ти завери.

Извинете нема да стигнам денес до зајчев рид. Добро нема проблем дојдете во понеделник ќе ви завериме.

Прашање до вас во понеделник на 13 март 2026та кога ќе отидете и ќе ви заверат во сообраќајна со кој датум ќе биде заверено?

Тие 2 дена може да се проточат до 30 доколку сакате. Но пак потенцирам во тие 2 дена од сабота до понеделник вие реално имате нерегестрирано возило иако поминало технички и сте платиле полиса.

Ова сценарио можи да го направи само возач почетник кој не знае како оди процедурата за регистрација.
Кога вадиш осигурување за кола со истечена регистрација, или воопшто нова регистрација за старо/ ново возило, осигурувањето мора да важи од денот кога истото ќе биди заверено во МВР и ќе добиеш сообраќајна.
Дури и ти напоменуваат од осигурителната компанија да одиш истиот ден да завршиш работа затоа што ако го пропуштиш тој ден, мора да одиш да вадиш ново со нов/денешен датум пак кај нив.

Тие 30дена шо ги кажуваш е важноста на техничкиот преглед, после тој датум ако не ја регистрираш во мвр, мораш нов технички да правиш.

Многу пати е напоменато тука, можиш да регистрираш кола 30ден пред истекот на истата, е сега шо има некои ликови шо мислат дека треба последниот ден да одат а имале можност цел месец претходно да средат,
ама мислат дека така ќе им се скрати од важноста, тие се најизгубените ликови на светот.  ;D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6854
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14337 на: 06 Април 2026, 10:25:03 am »
И како во случајов полицаецот што ја сопрел и констатирал нерегистрирано возило е крив? Најверојатно првиот воопшто немал внесено во систем новата дата и другиов кога проверил колата била нерегистрирана.

Според мене многу добра одлука на полицаецот да го исклучи возилото од сообраќај и да не дозволи да потклекне на фазонот ама имаме платено технички и осигурување. Така треба да работи секој професионалец.
А командирот кажува друго. Кој е крив во ситуацијава? Нормално полицаецот на технички. Затоа и си сноси одговорност на суд. Фискалните сметки се доволен доказ. Исто така со еден повик се проверува дали колата успешно поминала технички. Затоа се доби потврда од техничкиот преглед дека колата е регистрирана. Но шлепот и стресот се плус кои со пари не се доплаќаат (џабе е покриено, ако после тоа има здравствени последици...).

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5376
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14338 на: 06 Април 2026, 13:26:45 pm »

Vo koja bajka zivees? Nit ke snosi odgovornosy ni butur

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6854
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14339 на: 06 Април 2026, 13:59:16 pm »
Сам си кажа тој, газдата на техничкиот и началникот во Велес, затоа и веднаш изреагира кога објавив по сите фб групи јавно.