Друже, што се тиче многумина од нас тука – ако сакаш вози и 280, тоа е твоја работа. Ти си зад воланот, верувам дека имаш над 21 година и не треба никој да ти држи предавања дали да возиш 154.9 или 280. Возењето е лично и секој одговара за себе.
Јас само би те замолил – во име на многумина тука – да се однесуваме културно. Сите ние си имаме маки и изливи на разно разни фрустрации,без разлика дали сме граѓани, селани, вакви или такви. На крај сите одиме под земја. Нема потреба од таква негативна енергија или изразување сељаци бла бла во таков контекст изразување кон човек – знаеш, додека читаш такви коментари, тешко е, фаќа језа невкусно е..
Не мислам дека си лош човек – напротив. Верувам дека си прекрасен, европски човек, со искуство, видено и проживеано многу(+Битолски конзул манири ова она од век-векова било и ке остане и кај мажи и жени).И токму затоа тоа треба да те прави уште подобар – некој што знае да се изрази со почит.
Никој не е совршен, ама почитта кон други – дури и кога тие те "навредиле"( a види може некој да те навреди ако сам си се навредиш-Патрихај Павле) – покажува каков човек си.
Имај убав одмор, и ако доаѓаш во Скопје – слободно пиши, ќе пиеме едно македонско наше Скопско.
Поздрав! 🍻