Денеска ми пишаа казна за пречекорување на брзина, дозволено 40, јас по радар сум се движел 71 км/ч. 300 евра казна или 150 е во рок од 8 дена. Порано имаше можност да се приговара за радарот, нешто околу толеранција +-5 км/ч или тоа веќе не држи вода. Дали воопшто да се впуштам во постапка или да си платам пола казна во рок од 8 дена, некој со слично искуство? Дали на некого му успеало приговор против брзина измерена на радар, не се сеќавам точно, тука некој го спомна тоа со толеранција на радар за 5 км/ч. Фала за секоја информација и сугестија.