Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1778078 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13245 на: 21 Август 2023, 10:56:49 am »
Не сум изненаден ич, искрено. Ќе си го сфатам ова како ефтина лекција да си проверувам документи, и ќе сум благодарен шо не ми пропадна одмор ради грешката туку вистина онака бев тргнат до Лерин.

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 291
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13246 на: 21 Август 2023, 17:30:40 pm »
Абе како може ти да си крив, си платил за услугата, тој таму што работи тоа му е работа, да внимава што пишува. Е тоа е тој момент што ме вади од кожа. Наместо да се извинат 200 пати, тие одма, ти си крив!!
Коштаплери!
ти па другпат речи им крив сум само што мислам дека имате мозок во главата.
« Последно менување: 21 Август 2023, 17:49:25 pm ialeks »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10282
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13247 на: 23 Август 2023, 11:34:56 am »
Izvini im se za sve shto ti gresija

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7200
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13248 на: 07 Септември 2023, 09:15:17 am »
- Добар ден. Сте ми ја згрешиле адресава на личната карта, комплетно друга адреса има.
- Па добро бе дечко, што не пазиш која адреса ставаш кога пополнуваш барање? Гледаш колку гужва има.
- Може ли да ми го дадете барањето што сум го пополнил, да ја увидиме грешката?
После 5 минути зад шалтерот.

- Ама дечко, ти имаш промена на место на живеење.
- Да. Ми побаравте имотен лист како доказ за ново живеалиште, и никаде јас не пишав никаква адреса... Вие од имотниот лист сте препишале погрешно.
- Колега, пиши техничка грешка. Дечко, дојди за недела дена за нова лична карта.

Оригиналната адреса нема допирна точка со погрешената. Така да, проверка на документи веднаш. Што е најжално, кога си ја земав личната карта, прво што проверив беше име, презиме, матичен број, и број на улица, не надевајки се дека е можно комплетно да го утнат името на улицата.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13249 на: 07 Септември 2023, 10:59:12 am »
Среќа извод на родени не ти згрешиле..

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13250 на: 07 Септември 2023, 12:03:57 pm »
Јас вчера закажував за лична карта. Во систем со скрос погрешно име ме воделе :) а на лична карта си стои вистинското име.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6106
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13251 на: 07 Септември 2023, 12:12:41 pm »
- Добар ден. Сте ми ја згрешиле адресава на личната карта, комплетно друга адреса има.
- Па добро бе дечко, што не пазиш која адреса ставаш кога пополнуваш барање? Гледаш колку гужва има.
- Може ли да ми го дадете барањето што сум го пополнил, да ја увидиме грешката?
После 5 минути зад шалтерот.

- Ама дечко, ти имаш промена на место на живеење.
- Да. Ми побаравте имотен лист како доказ за ново живеалиште, и никаде јас не пишав никаква адреса... Вие од имотниот лист сте препишале погрешно.
- Колега, пиши техничка грешка. Дечко, дојди за недела дена за нова лична карта.

Оригиналната адреса нема допирна точка со погрешената. Така да, проверка на документи веднаш. Што е најжално, кога си ја земав личната карта, прво што проверив беше име, презиме, матичен број, и број на улица, не надевајки се дека е можно комплетно да го утнат името на улицата.

Проверка е задолжително.

Кога вадев сообраќајна и табли за Сузукито, си работи дотичната, и многу, многу фино и тивко ја замолив и прашав дали може да ми даде таблици што завршуваат или на 0 или на 5. Ништо посебно, пошто имаше куп таблички до неа, ги видов, само требаше наместо најгорното пакување, третото да го земе.

Дрско ме одби. Ама, она, баш дрско.

Ми ги дава сообраќајната и таблите, проверувам одма, пред неа, и оп - пермутација на карактери во шасијата.

И викам, сеа? Да бидам јас дрзок како тебе?

Ќути.

Карма ис а бич.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6287
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13252 на: 07 Септември 2023, 12:56:47 pm »
Среќа извод на родени не ти згрешиле..

Затоа бараат не постар од 6 месеци, да имаат шанса да го згрешат и него.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2274
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13253 на: 07 Септември 2023, 14:59:08 pm »
Да не познава некој од вас инспектор од општина Центар, на сестра ми е разбиена колата и украдени и се 2 лап топа-а, чека да дојде инспектор веќе 2 часа. Полицаецот ја советувал да ја убрза работата и да ги побараат снимките од камерите што гледале во колата (од некој мост). По правило, по сите преземени дејстфва, треба да се достави предмет до ОЈО и оно да псотапува, ама пошто се работи за непознати сторители тоа ќе се батали за нелкоја година 9поради бројакта со непознат исторители). Секоја помош е добродојдена. Благодарам
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 587
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13254 на: 07 Септември 2023, 16:24:27 pm »
Јас вчера закажував за лична карта. Во систем со скрос погрешно име ме воделе :) а на лична карта си стои вистинското име.
За кога ти закажаа? Мене за лична карта и возачка на 29-03-24 исто вчера закажав. Возачката ми истекува на 04-01-24  ќе мора некако да се снаоѓам

Sent from my SM-A035G using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13255 на: 07 Септември 2023, 17:11:35 pm »
Да не познава некој од вас инспектор од општина Центар, на сестра ми е разбиена колата и украдени и се 2 лап топа-а, чека да дојде инспектор веќе 2 часа. Полицаецот ја советувал да ја убрза работата и да ги побараат снимките од камерите што гледале во колата (од некој мост). По правило, по сите преземени дејстфва, треба да се достави предмет до ОЈО и оно да псотапува, ама пошто се работи за непознати сторители тоа ќе се батали за нелкоја година 9поради бројакта со непознат исторители). Секоја помош е добродојдена. Благодарам
Уште сега да ти кажам, да не се разочараш подоцна.
Лично за многу кражби е искористена мојата безбедносна камера и лицата чисто се гледаат, но премдетите ги нема, а лицата се пуштени на слобода.
Единствено имам пристап (во првите) до тие украдени предмети и ги откупувам, но најчесто во Прилеп, ако имам некое инфо за лаптопите дека може да се откупат на местото каде што се продадени ќе те контактирам веднаш.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7025
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13256 на: 08 Септември 2023, 10:26:38 am »

Ако немаш ти, сигурно ќе има некој твој роднина/пријател.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1287
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13257 на: 09 Септември 2023, 18:23:32 pm »
И мене ми е украден лаптоп, зафчера ми провалија дома. Леново Thinkpad сребрен мат. Плаќам по договор.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7200
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13258 на: 09 Септември 2023, 23:54:04 pm »
Сакаа денес да ми пишат казна за престројување во раскрсница, само заради тоа што имаше паркирано возило во моја лента за движење, на пешачкиот по раскрсницата. Практично, нема каде на друго место да го заобиколиш. И не ми се верува дека 15 минути морав ова да го разглабам и дека проблемот го најдоа кај мене. На крај ги прашав, на кој начин вие би поминале, влезете во кола да ми покажете? Среќа прашав за што ме сопреа, иако мислев дека е рутинска проверка. Ке ми ја наштанцаа казната, па после никој жив не ја средува.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13259 на: 10 Септември 2023, 14:57:44 pm »
Исто и мене ми се случи, возилото пред мене си возеше нормално и наеднаш застана пред пешачки, другата лента беше слободна, но имаше полна линија (се работи за улица со 4 ленти, по 2 за секој правец и дрворед меѓу нив), почекав 2 минути, не се тргна, си дадов лев жмигавец и си поминав, одма после пешачкиот ми пуштија ротациони. Едвај се разбравме, па овај ми е роднина, па онај ми е ова-она и ме пуштија.
А на истиот начин паднав градска, улицата беше необележана со три ленти(имала некогаш во времето на првите градоначалници), мислев дека јас имам две слободни ленти, а било обратно и кога поминав комисијата се фати за глава.