Џабе, по автоматизам судијите им веруваат на џандарите, дури и ако лажат, додаваат
или и измислуваат за да се реализира наплата на казна, па макар те тебе и обеселе.
Дури и пред рочишта ги подучуваат како да се изразуваат поверодостојно.
Напротив, судиите не им веруваат на полицајците затоа што знаат дека лажат. Но свесно пресудуваат во нивна полза, затоа што ако те ослободат тебе, полицијата ќе ја обжали одлуката и ќе оди на апелација во друг град и таму ќе те колат. Така е направено со цел да бидеш безнадежен и да нема трошоци да те скинат од прва.
Ех, не се согласувам. Судијите даваат верба на цајканите оти демек службено лице не смее да лажи,
а обвинет гарант лажи за да си се спаси.
А и самите тие знаат дека ако премногу одат против полицијата, особено локалците од ист град или
подрачје, ќе им се најдат на црн список да ги подебаваат.
Зато и пресудуваат против тебе, за ако си прав да испаднат чисти пред нивните локални џандари
а ако се извлечиш, до апелацијата било, не до нив.
Има една изрека во правото, од некој тип од англија пред неколку века, вика вака:
подобро 10 виновни да се ослободат отколку 1 невин да настрада.
Само кај нас е обратното, подобро 10 невини да настрадаат отколку 1 крив да се
извлече. И после зошто довербата во правосудството е само 8%, и тоа од самите себеси им е.