Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2097990 пати)

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 719
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12285 на: 07 Декември 2021, 16:30:23 pm »
Пријателе се надевам еден ден ти ќе прочиташ се што напиша денес, ама полека без да брзаш.
И се надевам ќе сфатиш како се толкуваат некои закони, кога веќе ги читаш.
Бонус прашање, надвор од Македонија кога ќе те сопре полиција, ќе го тераш истиов инат или таму други се законите?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12286 на: 07 Декември 2021, 16:31:53 pm »
Кизнај дали бил надвор од Македонија.

На вакви пасошот на скенер не им мине. Они со возачка минат граници.

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12287 на: 07 Декември 2021, 16:33:59 pm »
Пријателе се надевам еден ден ти ќе прочиташ се што напиша денес, ама полека без да брзаш.
И се надевам ќе сфатиш како се толкуваат некои закони, кога веќе ги читаш.
Бонус прашање, надвор од Македонија кога ќе те сопре полиција, ќе го тераш истиов инат или таму други се законите?

Читај полека, ќе научиш нешто. Уставните права ги применувам секаде, дури и во кина

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12288 на: 07 Декември 2021, 16:35:14 pm »
Кизнај дали бил надвор од Македонија.

На вакви пасошот на скенер не им мине. Они со возачка минат граници.

Сигурно не сум бил, во пасошот ми стојат визите од такви “правници” како тебе. За жал Македонија е единствена држава каде ќе плукат по тебе оти си ги знаеш правата. Ете колку ја ценат граѓанскиот интегритет нашите правници неписмени

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12289 на: 07 Декември 2021, 16:35:53 pm »
Кина на картата не знаеш да ја покажеш.

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12290 на: 07 Декември 2021, 16:37:44 pm »
Кина на картата не знаеш да ја покажеш.

Кладба на 1000 еу и ти сликам одма пасош, ама немој сеа фраер правник се правиш и да ти исфуфка

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12291 на: 07 Декември 2021, 16:38:39 pm »
Трол или глу... Ај првото.

Sent from my...


Отсутен goran2406

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12292 на: 07 Декември 2021, 16:39:04 pm »
Ова мора да е filipv  :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12293 на: 07 Декември 2021, 16:40:43 pm »
Кина на картата не знаеш да ја покажеш.

Кладба на 1000 еу и ти сликам одма пасош, ама немој сеа фраер правник се правиш и да ти исфуфка

Шо?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12294 на: 07 Декември 2021, 16:40:59 pm »
Пред неколку страници напишав дека неписмени пишуваат закони.
Не сум правник, но во неколку ситуации во кои сум сакал да истерам правда сум наидувал на каша попара, последно што ми текнува беше во врска со гаранција на тв.
Да не спомнувам дебатни емисии во кои учествуваат од правната струка, на едно место пишувало едно, на друго место друго, а и двете уредувале една одредена сфера, и едните се фаќаат за првото, а другите за другото, во зависност од тоа што им одговара.

Во еден момент, чисто логички, ми помина низ глава дека фактички возачка дозвола не е документ за идентификација, и покрај тоа што нормално мора да има лични податоци, но веќе пишал @Diesel
Во банка можеш само да се сликаш со Возачка, ниту пак можеш да аплицираш за било што.

Ако пак стегнале во некои членови од закон дека и Возачка е документ за идентификација како што посочи @тошошиба, јасно е каде лежи проблемот.

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 719
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12295 на: 07 Декември 2021, 16:41:59 pm »
Браво за истрајноста за твојот став, си држиш до твоето.
Терај инат колку сакаш ама не си во право.
Во делот на твои (наши) права кога ќе не сопре службено лице, имаш право да побараш да ти покаже службена легитимација. Толку.
Се друго е тресење му*а.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12296 на: 07 Декември 2021, 16:46:09 pm »
Пред неколку страници напишав дека неписмени пишуваат закони.
Не сум правник, но во неколку ситуации во кои сум сакал да истерам правда сум наидувал на каша попара, последно што ми текнува беше во врска со гаранција на тв.
Да не спомнувам дебатни емисии во кои учествуваат од правната струка, на едно место пишувало едно, на друго место друго, а и двете уредувале една одредена сфера, и едните се фаќаат за првото, а другите за другото, во зависност од тоа што им одговара.

Во еден момент, чисто логички, ми помина низ глава дека фактички возачка дозвола не е документ за идентификација, и покрај тоа што нормално мора да има лични податоци, но веќе пишал @Diesel
Во банка можеш само да се сликаш со Возачка, ниту пак можеш да аплицираш за било што.

Ако пак стегнале во некои членови од закон дека и Возачка е документ за идентификација како што посочи @тошошиба, јасно е каде лежи проблемот.

Не е член од закон, од правилник е, а по типчево правилникот ја исклучува примената на законот. Аха, сутра. Он "студирал" полициски права и обврски на работно место.

Он не разбира - овластен е да побара, побарал. Дали му бил сомнителен или не, е друг муабет.

Затоа кажав - тоа е исто како на забар да одиш, те боли заб, ти вика "отвори уста", ти му викаш "шо има во уста да ми гледаш?"...

И заболекарот да ти елаборира дека треба да види што се случува, дали е за лек, за пломба, дали ќе се вади...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12297 на: 07 Декември 2021, 16:46:12 pm »
Ова мора да е filipv  :D
Истото го помислив кога спомна кладба. Се издаде.

Инаку целиов муабет е од полицаецот што морал со 1 збор да одговори „Контрола“, наместо со цела реченица „Вршиме контрола на нерегистрирани возила и возачи без возачка“.

Отсутен тошошиба

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12298 на: 07 Декември 2021, 16:46:31 pm »
Пред неколку страници напишав дека неписмени пишуваат закони.
Не сум правник, но во неколку ситуации во кои сум сакал да истерам правда сум наидувал на каша попара, последно што ми текнува беше во врска со гаранција на тв.
Да не спомнувам дебатни емисии во кои учествуваат од правната струка, на едно место пишувало едно, на друго место друго, а и двете уредувале една одредена сфера, и едните се фаќаат за првото, а другите за другото, во зависност од тоа што им одговара.

Во еден момент, чисто логички, ми помина низ глава дека фактички возачка дозвола не е документ за идентификација, и покрај тоа што нормално мора да има лични податоци, но веќе пишал @Diesel
Во банка можеш само да се сликаш со Возачка, ниту пак можеш да аплицираш за било што.

Ако пак стегнале во некои членови од закон дека и Возачка е документ за идентификација како што посочи @тошошиба, јасно е каде лежи проблемот.

Во право се за банка и за нотар, за тоа надлежи деуг закон каде што возачла не важи како документ за идентификација. За полиција од деуга страна е документ за идентификација. Случајот кој го дискутираме е полициски.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #12299 на: 07 Декември 2021, 16:48:24 pm »
Аха, сеа @Mikius е во право за нотарот и банката, а јас не знаев да читам?

ОК.